Spread the love

Последниот рок за доставување на листи за кандидати за градоначалник на општините, за локалните избори кои ке бидат одржани во октомври ова година, отвори сосема нови шокатни информации за кандидатите градоначалници за општината Шуто Оризари.

Првата шокатна информација е веста за кандидатот Тефик Махмуд кој во последен момент како кандидат на ромската политичка партија РОМ, кој ја имаше подршката од ВМРО- ДПМНЕ „пребегна во партијата Левица на Апашиев.

Чудно е нели, пет минути до дванаесет кандидатот на ромската политичка партија РОМ да биде кандидат од Левица.

Ова сигурно е игра, во што се вмешале политичките прсти на СДСМ.

Јавна тајна е дека Левица соработува со СДСМ, имено самиот премиер и председател на СДСМ Зоран Заев во една пригода призна дека тој му дал пари на Апашиев да је преземе улогата на председател на Левица и легално да ја регистрира преземајки ги тогаш Апашиев, илегално печатите на партијата.

Зошто СДСМ би ја играл ова игра, пуштајки го низ вода својот кандидат за градоначелник на општина Шуто Оризари Асан Ферат?

Според мене, најверојатно е дека внатре партиската анкета на СДСМ и анкетата која била спроведена преку телефонски јавувања, а, во кој Асан Ферат бил на трето место после Курто Дудуш – Куцо и Фатма Османовска, сугерирало дека Курто Дудуш е потенцијален победник на овие локални избори, што на СДСМ тоа никако не би им одговарало.

 

Тефик Махмуд кандидат за градоначелник на О.Ш.Оризари од  Левица

 

Па поаѓајки од тука најверојатно преку задкулисното политичко пријателство помеѓу СДСМ и Левица одлучено е да го преземат Махмуд од партијата РОМ.

Најверојатно постои некаков дил помеѓу Тефик Махмуд и раководтсвото на СДСМ, за што говори и статусот на председателот на партијата РОМ, Ерџан Селими „ Платеник си е платеник„, и очигледно говори дека Тефик ја прифати понудата најверојатно од материјални причини, а СДСМ доби позадински кандидат кој и те како може да му парира на Курто Дудуш за време на локалните избори.

 

Ваквиот резервен став на СДСМ е резервиран за вториот круг, кога најверојатно Тефик и Куцо ке се борат за место градоначалник, а за кој тогаш Ферат под дирекна директива од својата матична партија СДСМ, ке мора да се организира за давање подршка на кандидатот на левицата Тефик Махмуд.

Она што остава сомнеж за ваков дил е пасивноста во последно време на Асан Ферат во организирањето на средби со граѓаните од населбата Шуто Оризари, која била многу активна на почетокот кога бил номиниран од својата партија СДСМ.

Дали ова негова пасивност се должи на тоа што Асан Ферат бил информиран за ваквата игра на СДСМ уште од порано, не можам да ја потврдам но сигурно дека остава сомнеж.

Но едно е сигурно пребегнувањето на Тефик Махмуд во Левица наиде на остри критики кај ромскта заедница, со што својот углед и чест како лице кое е посакувано кај својата заедница ја стави под знак прашалник.

Асан Ферат кандидат за градоначелник на О.Ш.Оризари од СДСМ

Да не се лажеме дека Левица себеси се преставува како опозиција, таа во договор со СДСМ си ја врши многу меко опозициската подобро кажано позициската работа во Собранието.

Сето ова кажано за ваков дил помеѓу СДСМ и Левица држи место, пред се што СДСМ во Тефик Махмуд гледа потенцијален политички конкурент и можен добитник на локалните избори, за споредба со својот кандидат Асан Ферат. Но отом потом.

Курто Дудуш – Куцо како што вети сигурно на овие локални избори ке оди да ја бара подршката на своите сограѓани за втор мандат.

Но неговата желба да биде кандидат од некоја ромска партија или блок ромски партии не успеала.

Според неофицијални информации и лични контакти, дел од ромските политички партии кои сакале да го подржат Куцо како свој кандидат за градоначелник, не заврши со успех поради огромниот притисок од страна на нивниот коалиционен политички партнер СДСМ.

Како инфомации во врска со неговото барање од некои ромски политички партии за негова кандидатура, се шири и веста дека некој од политичките ромски партии барале сума на пари, но без нивна подршка на изборите, за што Куцо ги има одбиено.

Ова само по себе збори каков е интересот на ромските политички партии кон својата етничка заедница , која е сведена само на материјална добивка.

Курто Дудуш како кандидат на овие локални избори влага преку граѓанската иницијатива „ Одлучни за промени„ а зад која стои ЛДП Либерално демократска партија и ДОМ Демократска обнова на Македонија.

Притисок врз ДОМ И ЛДП од страна на СДСМ не е можен, поради давјцата пратеници на овие партии, а за кои на СДСМ и те како се важни, поради нивниот коалиционен статус и автомсткото притискање на копчето за гласање.

 

Курто Дудуш -Куцо кандидат за градоначелник на О.Ш.Оризари од движењето Одлучни за промени во коалиција со ЛДП и ДОМ

Кандидати на ова граѓанска иницијатива се и познати имиња како што се: Бени Шакири кандидат за градоначелник на град Скопје, проф. д-р Никола Пановски, кој ќе ја предводи листата за Советот на Град Скопје како и Ѓулистана Марковска како кандидат за градоначелник на општината Кисела Вода.

ЛДП и ДОМ го потпишаа договорот за коалиција, формирајќи го “Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” со кое ќе настапат на претстојните локални избори.

Со над 50 кандидатски листи, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, Движењето ОДЛУЧНО се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading