Spread the love

Вчерашната емисија во живо на ромскиот портал Ромапрес помина во знакот на бројки наместо на видливи и докажани резултати од препораката на Европската Комисија за еднаквост за нова стратегија на Ромите 2022-2030, во која Р.С. Македонија ја даде својата препорака за учество.

Советникот на кабинетот на премиерот Ковачевски, Елвис Мемети кој е задолжен за инклузија на Ромите и е дирекно вклучен во активностте и реализацијата на ова стратегија во Македонија.

За време на емисијата истакна дека ова влада предводена од СДСМ и нејзините коалициони партнери се далеку поуспешни во споредба со минатата влада на Груевски кога е во прашање ромската заедница во издвојувањето на пари од државниот буџет наменет за ова заедница, за приоритети како што се здрадството, вработувањето, домувањето, образованието, но и како што вели Мемети и борбата против антироманизмот кој е столбот на сукцесивна реализација на точките по кој ке се води агендата на ова стратегија од страна на Македонија.

Елвис Мемети кој има амфинитет да стане лидер на политичка партија на Аваја, која веќе неколку години работи како ромско национално политичко движење смета дека ова стратегија има цел да ја покаже целата наклонетост кон решавање на долгогодишните проблеми на Ромите од страна на ова влада, пред се во решавањето на комуналната инфра структура, образование и здрадството.

Како преставник на владата тој верува дека ова стратегија ке овозможи покрај се и промена на политичкиот дискурс кон заедницата која според познавачите на ромското прашање во Македонија тоа засега е само формалност и моралитет за обврските кои Македонија ги има во пристапните преговори за влез во Европската Унија.

Ако се нотира спроведувањето на оваа стратегија и соодветните акциски планови за образование, вработување, домување, здравство, извештаите не се спроведуваат целосно.

Во областа на здравството, лошата социо-економска состојба дополнително ја влошува здравствената состојба. Буџетот во рамките на Министерството за здравство и понатаму останува неискористен, додека бројот на ромски здравствени медијатори се намали, и истите не сè систематизирани во здравствениот систем.

Во делот на образование, во изминатиот период се достигнаа најголеми резултати.

Во однос на вработувањето, има зголемување на регистрираната невработеност на Ромите, при што во апсолутни бројки има регистрирано најголем број на Роми како активни баратели на работа.

Домување, живеење во слабо развиена населба со лошо изградени куќи, без пристап до вода, канализациона мрежа, асфалтирани патишта, електрична енергија и други основни комунални услуги достапни во современиот свет придонесуваат за нееднаква почетна точка и животни можности во споредба со другите поединци кои живеат во развиено соседство, населба, област, област или град.

Следствено, лошите услови во областа домување влијаат на пристапот на образование, здравствени услуги, вработување и други основни човекови права, кои мора да бидат достапни за секој поединец. Недостатокот на таков пристап ја прави заедницата маргинализирана, сиромашна и необразована, ограничена во сопствените населби.

Македонија е пример за многу држави во регионот па и пошироко каде ромската етничка заедница ги има истите права како и мнозинството Македонци.

Но прагматично е да збориме за вистинските права кои ова заедница ги има во споредба со другите етнички заедници, кога ова заедница не учествува во креирањето на национални и меѓународни политики, од причини како што вели Мемети поради криминалниот „Background„ на ромските политички лидери, со кој се условени за политички преговори и барања.

Но и покрај криминалниот „Background„ на ромските политички лидери и нивната незаинтересираност кон подобрување на состојбата на ова заедница, Македонија  барем ако целосна ја прифати агендата на Европската унија ќе треба да работи многу повеќе во делот на институционална дискриминација кон Ромите како би ги вклучила како вистински дел од општеството наместо политичкиот декор со кој се преставува пред Меѓунароидниот фактор.

Едно од препораките на Советот ставаат посебен акцент на потребата земјите да усвојат

национална стратешка рамка за ромската заедница, со основна цел за дефинирање политики кои го подобруваат нивото на социјална вклученост и положбата на Ромите. Особено значење е посветено на потребата од воспоставување ефективни системи за борба против дискриминацијата, антициганизмот, социјалната и економската исклученост и учество и застапеност на Ромите со цел да се обезбеди ефикасна борба против дискриминацијата на оваа заедница.

На крајот тие што ја следеле вчерашната емисија во живо можат и самите да заклучат дека повеќе се разговарало за бројки наместо факти.

линк од емисијата

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading