Дел од ромските политички лидери и лица кои се инвоолвирани во политичката ромска сцена вчера беа гости на ромскиот портал Ромапрес во кој водител бил уредникот на овој портал Абдула Севгул на тема ретроспектива на годината во заминување.
Темата за постигнувањето на политички ефекти како баланс со неуспехот се одвиваше во полза генерално на колициониот партнер воедно владејачката гарнитура предводена од СДСМ.
Председателот на партијата на ПЦЕР Самка Ибраимовски е генерално незадоволен од својот коалиционен партнер СДСМ, за кој како вели сите овие години ја уназади и практично го елиминира генерално ромското политичко влијание засновано на многу предизборни лаги и ветувања.
Тој истакна дека никој од СДСМ ни ова ниту предходната владејачка гарнитура на СДСМ не обрна внимание на честите проблеми со кои секојдневно се соочуват Ромите во Македонија.
Ибраимовски рече дека ромскиот народ не заслужува такво невнимание, пред се затоа што два ромски пратенички гласа односно неговиот и гласот на починатиот ромски пратеник Амди Бајрам било толку важно за да се добие одреден број на гласови за „Преспанскиот договор„ со кој Македонија ја отвори вратата за влез во НАТО и почеток на преговорите за влез во Унијата.
Ибраимовски како еден од најстарите ромски политичари и лидер на ромска политичка партија рече дека им препорача на дел од членството на Националното ромско движење Аваја, која претендира наскоро да формира политичка партија да ја преземат партијата, за да тој конечно политички се пензионира.
Ферат Асан председател на Општинската организација на СДСМ Шуто Оризари, делумично се согласува со незадоволството на Ибраимовски, но поголемиот дел од својот говор е засновано на државната надворешна политика на СДСМ чиј приоритет е започнување на преговорите со Европската Унија,
Ферат успехот го толкува со вработување на пет лица во високи работни позиции и жали што општинската организација нема доволен кадар за бараните позиции со кои ке бидат вработени уште Роми.
Од друга страна неговото незадовослтво е немањето на комуникација со одредени партиски членови од СДСМ каде тој не е консулитарн ниту пак информиран за некои државни проекти насочени кон општината Шуто Оризари, и воедно критикувајки ја локалната власт од ова општина како кримогена власто-држешка организација.
Ферат се осврна и на формирањето на голем број на ромски партии велејки дека сите ромски партии досега се бореле за одредени функции а не за интересите на својата етничка заедница.
Миљазим Сакипов председател на ромска партија ДПР рече дека Ромите и политичките партии нема со што да се фалат, и дека одговорноста ја носат самите ромски политички лидери.
Миљазим се осврна исто така на големото фалење дека некој успеа да помогне во добивањето на едно лице државјснатво кој со година не можеше да си ги оствари своите права, а тоа не може да биде никаков индикатор за успешноста на одредени лидери, или ромски политичари.
Милажим исто така ке бара одговорност од ромските политички лидери за валвата тешка децениска состојба на Ромите.
Елвис Мемети член на Националното ромско движење Аваја во голем дел од својот говор збореше за успесите на ова влада која иако во санитарна криза со Ковди сега со енергетска и економска криза успева да ги ублажи економските последици на секој граѓанин вклучувајки ја и ромската етничка заедница.
Тој напомена дека Владата во кој тој е и советник во кабинетот на премиерот на Р.С.Македонија за ромски прашања има агенда која ке се спроведува во наредните неколку години, најверојатно мислејки на новата стратѕегија на Ромите 2020-2030 година која преку проекти се изработуват планови и стратегија пред се во борбата против антиромизмот, домувањето, здрастве ната заштитга вработувањето и исклучувањето на Ромите.
Мемети се согласува дека е тешко и неизвесно но тој наговестува дека ќе треба да се почека со резултатите кој започнуват на имплементација на агендата на Владата во давање подршка на Ромите во нивната вклученост и прогресивен напредок.
Ако се сублимират овие нивни говори, единствената констатација која може да се извлече е заедничкото незадоволството во креирирањето на политиките за Ромите на национално ниво.
Единственот бенефит кој како и да е,го има единстваната ромска општина со градоначалник Ром и мнозинство на ромски советници, Шуто Оризари, во спредба со другите ромски населени места низ Македонија каде сеуште авслтот, питка вода се имагинарен напредок, каде сеуште се подложени на полициска и општинска власто тортура за кој ниту една политичко ромска партија нема слух.
Овие населени места се мета на сите политичари кога се работи за политички бенефити, политичко пазарење и избори.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.