Spread the love

На денешната конференција по повод одбележувањето на Денот на Ромите, председателот на Р.С. Македонија Стево Пендаровски имаше воведно излагање, за стратешките потреби кои се нужни во прифаѓањето на капацитетите и потребите на сите граѓани со кој би се гарантира нивните права и еднаквост на сите.

Председателот Пендаровски со жал констатира дека и денес, ромската популација се соочува со базичните проблеми како што е, пристапот до питка вода, електрична енергија, здраствени услуги, невработеност, и ограничување до пристапот на правдата.


И покрај таргетираните политики и усвојување на двете акциони национални стратегии во 2005 и 2016 како и третата по ред 2020 , Пендаровски вели дека се покажаа скромни резултати поради структуралните недостатоци кој влијаеја на секојдневниот културен живот на ромската заедница.
Пендаровски исто така се надоврзува на извештаите на Европската Комисијакоја известува дека националните акциони планови на Северна Македонија не се целосно реализирани, или пак имат ограничен напредок.
Исто така вели Пендаровски дека извештајот за човекови права на Стејт Департманот во 2020 година стои дека не мое да се остварат правата на Ромите кои не се евиндетирани во матичните книги на родените.

Излезот на ваквата состијба на Ромите, председателот Пендаровски ја гледа во соочување со фактите кои покажаа скромен резултат во унапредувањето на состојбата на Ромите, во функционална меѓуинституционална кординација, со мониторинг, еволуација нацелите на стратегијата за инклузија на Ромите 2020-2030.
За оставрување на овие цели потребно е според Пендаровски, зголемување на буџет за ромски политики, да има политичка воља но не декларативна политика, за кој Пендаровски смета дека може да се добие прогрес кај ромската заедница.

Председателот на Р.С.Македонија Пендаровски смета дека тоа е обврска на сите релеватни фактори да се создаде еднаква шанса за просперитет на сите граѓани.

Дејвид Гир, шефот на делегацијата на Европската Унија во Р.С. Македонија вели дека Европската Унија препознава дискриминација во економскиот живот со кој се соочуват Ромите, и поради тоа ЕУ вклучува финансиска помош преку програми кои се спроведуват.

Елвис Шакири и Алберт Мемети од Институтит за истражување и анализи Ромалитико, пред присутните на Конференцијата ја презентираа стратегијата, која била усвоена минатата година и која се однесува на периодот 2020-2030 година.


Во вториот дел на Конференцијата била одржана панел дискусија во која советничката на кабинетот на председателот Стево Пендаровски Фикрие Фазли на присутните гости ги престави панелистите, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за здрадтсво Фатмир Меџити, министерот за образование и наука Јетон Шакири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за трансопорт и врски Благоја Бочварски.

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading