Ромските партии на овие локални избори 2021 ќе учествуват со свои кандидати за советници во 40 општини во Македонија, и со 4 кандидати за градоначалници од кои три ромски кандидати се од не ромски партии, додека еден кандидат од ромска партија.

Ромски партии кои учествуват на овие локални избори со свои кандидати за советници на овие локални избори, и градоначалници од коалицијата „Најдоброто за мојата Општина„ предводена од СДСМ се:

ПЦЕР ( Партија за целосна еманципација на Ромите),

– СРМ ( Сојуз на Ромите од Македонија),

– ПДПР (Партија за целосен просперитет на Ромите) и

– ОПЕР (Обединета партија за еднаквост на Ромите).

Од Коалицијата „Обнова за Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ свои советнички кандидати ке имат ромските партии:

– ДПР (Демократска партија на Ромите)

– ДСР ( Демократски сили на Ромите)

– РОМ ( Роми обедините за Македонија)

– НПР (Народна партија на Ромите),

Свои кандидати за градоначалник и советнички листи за општината Шуто Оризари ке имат:

– Граѓанската коалиција на ЛДП и ДОМ „Одлучни за промени„ – Курто Дудуш-Куцо со своја советничка листа,

– Коалицијата „Најдобро за мојата општина„ предводена од СДСМ – Асан Ферат со своја советничка листа

– ПП Левица- Тефик Махмуд – со своја советничка листа

– Геге Демировски од НПР подржуван од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со заедничка советничка листа со ромската политичка партија на ДСР и ВМРО-ДПМНЕ.

Во останатите општини низ Македонија ромскит политички партии кои имат свои кандидати за советници од„ Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ се  во:

Битола, Карбинци,Кратово,Крива Паланка, Лозово, Ростуше, Могила,Новаци, Ново Село, Прилеп, Радовиш, Ресен, Росоман, Градско, Гевгелија и Чашка.

Од коалицијата „Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ромските политички партии ке имат свои кандидати за советници во:

Битола, Богданци,Брвеница, Вевчани, Карбинци, Кичево,Кратово, Крива Паланка, Лозово, Македонска Каменица, Могила, Новаци,Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струмица и Чашка.

Иако дефинитивно се уште не се знае распоредот на местата на советничките листи, со сигурност може да се заклучи , дека редните места кои се дадени на ромските партии, односно на нивните кандидати се далеку од добитни комбинации, што укажуват последниве локални избори кога мал процент од нив беа избрани за советници на општините поради недобитниот реден број на листата.

https://candidatelist.sec.mk/LolcalElectionsCandidates

Total Views: 41 ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »