Spread the love

Реакциите за смрта на младото момче од Скопје Тони Сали, не стивнуват.

Речиси да нема македонски медиум, ромски портали како и статуси објавени на социјалните мрежи во кој оштро реагират за небрежноста на државата и законот „лавиринт„ за државјанство.

Тони Сали, средно школец, мирен , сталожен и сакан меѓу своите соученици, професори, пријатели, комшии… Сали бил одличен ученик, бил матурант во средното училиште во Општина Шуто Оризари „Шаип Јусуф„ , наскоро требаше да ја прослави својата матура, која за жал не ја дочека.

Тој бил вредно момче , бил волонтер во неколку ромски организации.

Напишани се многу детали од неговиот за жал краток живот. Но прашањето е дали овој млад живот можел да биде спасен.

Овие денови Еуромпрес истражувал преку свои извори за смрта на 19 годишниот Тони Сали.

Според нашите извори, Сали во последниве неколку дена имал доста обврски, школото и полагањето на државната матура, а воедно бил активист во неколку ромски организации.

Нашиот извор вели дека бил преоптеретен со овие обврски, така да немал ниту време да јаде.

Денот пред неговата смрт, негов близок раскажува дека тој ден Сали чуствуваше големи главоболки и болки во желудникот.

Откако болките не престанаа, некој од неговите домашни повикаа брз помош.

Откако дежурниот оператор на брзата помош ги ислуша домашните за причината на нивното барање на помош, ги советувала да му се дадат лекови против болки, оти ваквите симптоми не се опасни и ке поминат по земањето на лекови за болки.

За жал исцрпениот организам не издржа, младото момче Тони Сали почина.

Можеше ли овој живот да биде спасен доколку брзата помош наместо да ги советува неговите блиски да му се дадат таблети против болки, да испратеше медицинска екипа на лице место и доколку се утврди големи здраствени проблеми да се пренесе во Ургетниот центар при клиничките центри во Скопје.

Во сето ова има уште една информација која иако сум лаик ме зачудува, кој врши констатирање на смрт и потпишува умреница?

По смрта на Сали била повикана повторно брза помош, но овој пат да се утврди или констатира смрт. Медицинската екипа одбива, и ги упатува констатација на смрт да се бара од полицијата.

Што потоа се случувало нашиот извор нема информации, сем дека починатото тело било однесено во судска медицина, со кој првичните вештачења од смрта на Сали се дека имал излив на мозокот.

Сали немал среќа, Сали немал пари да си купи државјанство оти во Македонија единствениот важечи закон па и правда се парите. Иљадници пасоши, лични карти се продадени за криминални групи од различни земји.

Сали немал среќа, ниту пак со екипата на медицинска брза помош која наместо интервенција дала совет за земање таблети против болки.

На крајот ке испадне дека случајот со Сали е само една од низата системски грешки на институциите, и за кратко време овој случај со сали ке се заборави.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading