Spread the love

Од Роми за Ромите, вака ја започнавме дискусијата со Елвис Мемети член на ромското национално движење АВАЈА и советник во кабинетот на премиерот на Р.С Македонија Димитар Ковачевски.

Денешното свечено предавање на амбулантното возило како донација од РИО- Берлин (Канцеларија за ромски иницијативи) создаде позитивни коментари но и различни реакции кај дел од одредени фракции, политички лидери и граѓани во Општината Шуто Оризари.

Според нашите информации состојбата не е подобра ниту во останатите општини, седум екипи се премалку за опслужување на територијата на Град Скопје.

Што постигна Аваја со оваа донација ?
Едни велат дека ова е за прв пат ваква донација за потребите на граѓаните од страна на Аваја како први активисти кои што навистина работат за заедницата додека пак други го минимизираат значењето на сето ова велејќи дека сето ова е само реклама и дека возилото нема да биде во наша функција.

Каква е целата вистината во суштина?

ЈЗУ Здравствен дом Скопје Поликлиника Чаир, во моментов располага со две возила на ИМП во една смена. Според нашите информации истата единица опслужува голема територија, и тоа општина Чаир, општина Бутел, општина Шуто Оризари, што во суштина е огромен број на жители.
Искуствата говорат дека вработените имаат огромен обем на работа, истите се постојано на терен, бидејќи опслужуваат големо подрачје.

Не е ретка појавата на истовремена ургентна потреба од повеќе екипи на итната медицинска постапка, а истите да се веќе на терен, па пациентите да чекаат или да завршат со претходниот повик или да чекаат по 30+ минути додека дојде возило на ИМП од останатите пунктови во Скопје.
Жителите од Шуто Оризари често имат замерки за времето потребно за пристигнување на екипата од нивниот повик.

Повикувајќи се на дел од негативните коментари на социјалните мрежи каде било објавена веста за оваа донација, нашата редакција побара објаснување од Советникот за инклузија на Роми – Елвис Мемети.

Советникот за инклузија на Ромите на премиерот – Елвис Мемети, вели дека ова е во функција на граѓаните на општина Шуто Оризари и истото преставува добра основа за понатамошен развој на дејноста.
Потребно е понатаму да се ослободи просторот во Поликлиниката во Шуто Оризари каде што се сместени привремено децата на улица и истите да бидат сместени во новиот објект на градинката кој што е за таа намена. На тој начин во поликлиниката ќе има простор да се формира дежурна екипа која што заедно со ангажираните медицински сестри ќе придонесат во целокупниот развој на дејноста.

Непознавањето на системот на функционирање на итната медицинска помош и понатаму создава заблуда кај дел од граѓаните дека всушност ова возило нема да биде само наменето за граѓаните на Шуто Оризари. Советникот за инклузија на Роми – Елвис Мемети, вели дека тоа е во функција на граѓаните на општина Шуто Оризари, но и на нашите граѓани Роми кои се од Топаана, Бутел, како и за сите други граѓани кои живеат во оваа општина.
Дека треба да има уште повеќе вакви слични иницијативи но и поголеми заложби и од државата и тоа е и повеќе од неопходно согласно бројот на жителите во општините. Тој ќе продолжи со својата проактивност и застапување и секако дека целосните ингеренции се во Министерството за здравство и Јавните здравствени установи.

Убеден сум дека Министерството за здравство ја знае оваа потреба на граѓаните од ова општина и преку потпишаниот меморандум за соработка со Аваја за спроведување на ургентна интервенција да преземе обврски да се помага на нашата заедница, со опслужување на нашата заедница со гинеколошки и итни медицински услуги, особено редовното вработување на кадар и ангажирањето на двете медицински сестри во здравствениот дом„ – вели Мемети.

Елвис Мемети советник во кабинетот на премиерот на Северна Македонија, Ковачевски за ромски прашања и Инклузија на Ромите

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading