Ромите во Втората светска војна изгубиле речиси половина од својата популација во Европа, од страна на нацистичка Германија и нејзините колаборатори во планот наречен „конечно решение„, иако тогаш единствената опасност доаѓала од нацистите но не и од самите себе.
По Втората светска војна, Ромите „ силом или милом„ се позиционирани да бидат на браникот на државата во која тие живеат,работат или учат.
Свесно или несвесно на својот нишан го имат „непријателскиот војник„ од другата страна,Ром, кој исто така можеби го држи него на нишан на своето оружје.
Ступидно би било да се овековечуват едните Роми како војни хероји наспроти другите од другата страна на „непријателската борбена линија„ поготово ако тоа овековечување доаѓа од самите Роми.
Ние кои мислиме дека знаеме , никако да се посетиме на не толку давното минато на братоубиствената војна во процесот на распаѓањето на СФР Југославија во која Ромите учествувале во овој вооружен конфликт од страната на Босанската, Српската и Хрватската армија но и во косовскиот вооружен конфликт.
Можеби историјата ни е слаба страна, па одлучуваме денес да мафтаме со она што го имаме пред очи, онака замаглено бес целосен хоризонт на случувањата пред и почетокот, на крајот на овие вооуружени кофликти, како и вооружениот конфликт помеѓу Русија и Украина.
Каков е интересот на самите Роми
и нивното учество
во вооружените конфликти?
Чест е да се биде на браникот на својата татковина во која Ромите се родени,живеат и работат иако се на маргините на општеството во скоро сите наведени држави.
Честа е друго, интересот е друго,војните не се по вина на Ромите, не се ниту во нивен интерес сем чесноста да се биде војник кој на жалост од примерите досега за време на војната тие биле Роми а по војната повторно„цигани„.
Не се знае многу за учеството на Ромите во војната во БиХ, ниту за жртвите, иако тие се бореле како дел од сите три воени формации и загинале како и другите .
Ромите иако имале свои војници тие беа затворени во логори,беа малтретирани,прогонувани, жените им биле силувани и тоа од сите три војни формации во Босна и Херцеговина.
Во косовкиот вооружен конфликт, во српската војска учествувале голем број на Роми што принудно што самоволно пријавени.
Малку се знае дека една група на Роми употрбувајки го својот мајчин јазик ромски давале информации на другите српски војници преку друг Ром на другата страна како не би биле фатени пораките од НАТО и косовските вооружени формации.
Пред украинскиот конфликт Ромите во ова држава која ја има потпората на Западниот свет, биле прогонувани, малтретирани, живееле во најдлабока сиромаштија, беа цел на неколју расистички и неонацистички напади во кои имало исходи на убиства над ромската популација во Украина,
На почетокот на војната тие не биле пуштени да излезат од границата на Украина, тие чекале во редици оставени надвор на ладно на ниски температури, не им било организиран транспорт како на украинските бегалци, тие биле принудени да пешачат по неколку километри одалечено од украинската граница, без храна и вода.
Тие не се примени како украинските бегалци во центрите за сместуванње на бегалците од војната во Украина.
Ромите немат своја матична држава, и се морални да дават свој придонес во војните, без разлика дали ке пукат во своите припадници или и самите ќе бидат жртви од страна на својот припадник на етнички Роми.
Херои во овие војни нема, тие ке бидат безимени по војната, повторно на маргините на општеството, повторно на напади по основа на националност, боја , раса и социјален статус.
Единствените Роми кои имат статус на борци беа Ромите кои учествува во Втората светска војна против нацистичка Германија, и тоа претежно во источниот дел на Европа и тогашниот СССР.
Денес само Ромите ги овековечуват едните поради интересите на другите кои сакат едните да ги прикажат како херои а другите како убијци, лепејки се за мејнстрим медиумите и организациите кои имат само една цел а тоа е личниот интерес.
Српска поговорка: „Во војна политичарите даваат топови, богатите храна, а сиромашните децата… Кога ќе заврши војната, политичарите ги земаат своите топови, богатите имаат уште повеќе храна, а сиромашните ги бараат гробовите на своите деца. ”
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.