Spread the love

Зејна која настапила за избор на евровизиска песна во Србија е со ромско потекло, и таа во еден интервју збореше за предрасудите и дискриминацијата врз нејзината ромска припадност .

Зејна со одличен вокал не успеа да биде преставник на Србија за избор на Евровисиската песна која ке биде одржана во англискиот град Ливерпул од 9 до 13 мај 2023 година, но затоа ја отвори душата со своите фанови и читатели да сподели на кратко што се и се случувало само дека е припадник на ромската заедница.

Сепак, доживеала непријатност.

Нејзе и беа упатени зборови со навредлив карактер, бидејќи припаѓа на ромското малцинство. Таа даде изјава во врска со овие навреди и кажа како тоа влијае на целиот натпревар:

– Има проблем, но решив да се однесувам хумано кон нив. Нема смисла да се расправаме со такви луѓе, но има поента да ги поддржувам оние кои се во иста позиција како мене.

На прашањето дали ја допираат таквите зборови, пејачката рече:

– Не, не ме засега. Таквите луѓе мора да работат на себе.

Таа вели дека морала да го смени училиштето во прво одделение поради тоа што нејзините другари -соученици и наставничката ја дискриминираа поради нејзината етничка припадност.

Таа дискриминација ја пратеше секаде и долго, но не само неја туку генерално речиси целата нејзина етничка група.

Зејна ги охрабрува своите припадници да не молчат повеќе, поради тоа што ако психички бидат отцепени тоа би значело успех на оние кои тоа го сакат.

Темата за повеќедецениската (ако не и вековната) дискриминација на цела етничка група во Србија се појави со полна сила на блескавата сцена на РТС, со сите блескави, тонирани танчери, пламен и строб светла. Оваа дискриминација ја гледаме секој ден во училиштата во кои одиме, автобусите што ги возиме, улиците по кои пешачиме и чекалните во болниците каде што макаме, но тврдоглаво и кукавички молчиме.

Подршка за нејзината борба против дискриминацијата ја има од многу колеги меѓу кои и најистакната била она на Карлеуша:

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading