Интерву со Елвис Мемети советник во кабинетот на премиерот на С, Македонија за ромски прашања, долгогодишен ромски активист член на Извршниот одбор на Ромаверситас, воедно член ромското национално движење Аваја од С. Македонија
ЕРП. Како и на кој начин ги застапувате интересите на вашата заедница , и кои се придобивките на заедницата од ваша страна како советник на премиерот на С. Македонија ?
„Имам одговорности поврзани
со номинацијата за – контакт точки
за Ромите во Република Северна Македонија
за имплементација на активностите од меѓународната
иницијатива за Интеграција на Роми 2020.
ЕМ. Како советник за инклузија на Роми, во највисоката хиреархија на извршна власт, ги следам, иницирам, координирам, учествувам, информирам, советувам за јавни политики, програми и планови, проекти и инвестиции кои што се директно или индиректно поврзани со инклузијата на ромската заедница.
Од именувањето и добивањето на мандатот во октомври 2020 година се обидувам во овој контекст (пандемија КОВИД 19, мерки, економска, енергетска и светска безбедносна криза) да бидам во редовен контакт со институциите, одговорните ресори на национално и локално ниво но и заедницата, за да поставам принципиелен, одговорен и транспаретен однос. Институциите да бидат пореспонзивни кон потребите на заедницата и поиновативни при имплементирањето на програмите, плановите и проектите додека пак од страна на заедницата да има што е можно поширок опфат.
Исто така имам и одговорности поврзани со номинацијата за – контакт точка за Ромите во Република Северна Македонија за имплементација на активностите од меѓународната иницијатива за Интеграција на Роми 2020.
-
На ромската заедница денес се гледа како на потенцијал пред се од економски аспект – вработувања преку ОП, кредитнити линии од Агенцијата за вработување со 1 % камата за самовработување, гарантниот фонд на државата, мерките што се спроведуваат преку развојна банка за подршка на претпримачи, каде што субјекти раководени од Роми може да ги користат овие мерки за формализација или унапредување на бизнисот, мечирање на пари од државата и проекти од организации и тнт.
Посебен фокус е јавното приватно патнерство и индустриските развојни зони за да може без бариери да има што е можно поголемо вработување на Ромите во приватниот сектор.
-
Инфраструктурните проекти и воопшто проектите во областа на домувањето во вкупен износ од приближно 4,5 милони евра во Шуто Оризари, Велес, Виница, Битола, Прилеп, Берово и Кичево , за да може до 2023 година дел од истите да бидат имплементирани иако дел од нив завршуваат кон крајот на 2022 година.
Подобрување на комуналната инфраструктура во согласност со Стратегијата на Ромите во износ 20 милони денари. Од вкупно доставени барања од 16 општини одобрени се проектите на 11 општини.
-
Во февруари 2020 година го завршивме и третиот циклус на подготовка на новиот стратешки документ – Стратегија за Роми 2023 -2030 година. Драго ми е што продолжува имплементацијата на проекти од ресорните министерства во насока на подобрување на животот на ромската заедница. Стипендии за средно и високо образование, зголемување на бројот на образовни медијатори, зголемување на бројот на здравствени медијатори и систематизирање на дел од работните места на ромските здравствени медијатори, зголемување на опфатеноста на општини со ромски информативни центри, социјални станови, времено згружување на семејства во социјален ризик, инклузија на деца во градинки, подршка на проекти од областа на културата .
ЕРП. Кој е вашиот удел во неформалното ромско национално движење Аваја?
„Аваја како идеја произлезе од потребата
за истакнување на потенцијалот, зајакнување
и создавање на политичката моќ на ромската заедница.”
ЕМ. Аваја како идеја произлезе од потребата за истакнување на потенцијалот, зајакнување и создавање на политичката моќ на ромската заедница. Се досега ова не е направено на вистински начин. Наспроти тоа животното искуство на заедницата покажало дека најчесто ние од ништо можеме да направиме нешто ( а тоа е сепак да егзистираме како заедница). Тоа е политичката моќ на заедницата.
Формата – како движење, иницијатива, неформално ромско национално движење е помалку битна од тактиката на делување, кон кое што е насочено целото наше внимание.
Јас длабоко верувам во заедницата. Учествувам во развивањето на Идејата и тоа ќе го правам на формален или неформален начин со или без позиција, зависно од тактиката за која што ќе се договориме со групата на истомисленици и лицата кои што ќе ни се придружат. Имено велат дека нема ништо помоќно на овој свет од двајца луѓе кои се согласни околу една единствена ИДЕЈА и се спремни да ја реализираат по секоја цена. Тоа е мојот личен удел во Аваја.
ЕРП. Како член и гласноговорник, Аваја да прерасне во политичка партија покажува дека Аваја излегува од заскрените намери да од неформално национално ромско движење се прeформира во активна ромска политичка партија. Дали на Ромите во С. Македонија кои според официјалната статистичка бројка се 2,4 % од вкупното население на С. Македонија им е потребна уште една од речиси десетина ромски политички партии кои се дел од ромската политичка сцена. Од каде потребата за формирање на уште една ромска политичка партија, и што е тоа што ке бидете различни од останатите ромски политички партии ?
„Во еден динамичен процес на раст
и развој, нормално е да бидете гласноговорник
за политички концепт на делување.”
ЕМ. Партијата како таква е највисока и најорганизирана форма на делување, која се стреми да ја освои политичката моќ во општеството за да може да ја спроведува својата Идеја. Тоа е процес а НЕ “задскриенa намерa”. Во еден динамичен процес на раст и развој, нормално е да бидете гласноговорник за политички концепт на делување. Многу се тенки границите помеѓу “политичкото”. Јас мислам дека се е политика освен “животот сам на пуст остров”.
Не знам кое е мислењето на другите политички партии. Тоа нив треба да ги прашаме зашто се 10 политички партии. Јас мислам дека некогаш ЛИДЕРСТВО е и да се повлечеш да не бидеш само “ТИ”, колку само да се биде политичка партија.
Има слаби и јаки страни. Во мултипартиски систем тоа е здраво затоа што е сепак избор и натпревар. Исто така предност е што партиите имаат и тенденции да го организираат народот за некоја идеја или верување, да ги претставуваат интересите на граѓаните, креирањето на власта и регрутацијата на кадри во вршењето на јавните функции и тнт.
Проблем е што најголемиот дел од нашите политички партии немаат свое ЗАШТО, него тие стануваат само инструментализирани форми на делување. Голем дел од нив не ја реализираат ниту својата основна функција и место да ја организираат, еманципираат, зајакнуваат заедницата тие ја манипулираат и ја рушат целата наша идеја и верување.
Нема нови стандарди на преставување на колективниот интерес, нема зајакнување на заедницата него само губење на довербата. Контекстот е пресериозен за да продолжиме на ист начин. Велат со исти активности не може да постигнете различни резултати. Заедницата учи од лидерите. Тоа што го гледа кај нив го превзема на готово и кај себе. Со еден збор ако нашата заедница види ИДЕЈА И ИДЕОЛОГИЈА, сервис и услуги, чесност, искреност и нови лица кои што на позиција влегуваат и излегуваат со максимална отвореност и натпревар тогаш ИДЕЈАТА ќе продолжи да живее и да се оплодува во секој еден од НАС и без нас. Така заедно ќе ја создадеме нашата нова политичка вредност (каде што поединецот е јак само онолку колку што сите сме јаки).
Од тука е и потребата да ја создадеме новата достоинствена политичка заедница на Ромите.
ЕРП. Аваја од своето неформално формирање се покажа не траснпаретна во однос на ромски и не ромски медимии, не објективна према јавноста кога се во прашање внатрешниот круг на Аваја како и поради тесните семејни релации и високи институционални позиции кои ги зазеде наспроти ромските политички партии. Дали сметате дека на овие високи институциноални позиции сте благодарение на како што велат дел од вас „ Најдобри од најдобрите„ или постои договор помеѓу владата на СДСМ и вашата организација која финансиски помогна во времето на „Шарената Револуција„, со тоа што и и се одолжи на вашата организација наспроти пред изборните ветувања кои им беа дадени на ромските политички партии , кои беа во коалиција со СДСМ ?
„Слободата на говор на едниот завршува
таму каде што почнува слободата
и правото на другиот.”
ЕМ. Прашањето е Ваша констатација и погрешен заклучок. Сите активности ги објавуваме на сите можни формални и неформални начини. Мислам дека нашиот однос со медиуми постави едни нови стандарди во политиката. Слободата на говор на едниот завршува таму каде што почнува слободата и правото на другиот. За политичките договори на политичките партии треба нив да ги прашаме. Аваја се појави на јавната сцена за прв пат со кампањата за претседателските избори.
Во Република Северна Македонија секој еден може да биде избран и да избира. Што според вас е тука проблематично? Доколку Вие располагате со други информации и докази тогаш истите треба да ги презентирате во јавноста и да ги процесирате пред одговорните институции.
ЕРП. На социјалните мрежи често се појавуват негативни коментари во врска со работата на движењето Аваја, за кое многумина сметат дека сте премногу самобендисани, премногу верувате во нештата за кои повеќето сметат дека имате утопистички пристап кон решавањето на проблемите, дека конференциите , семинарите и дружбите со високи ех и сегашни државни високи државници не се придобивки на заедницата туку лични придобивки. Дали и на каков начин очекувате подршка од ромската заедница во С. Македонија, и што можете вие да промените во политичкиот социјален и економски курс за заедницата ?
„Ако ги следите нашите објави ќе видите дека се дружиме и градиме контакти со секој еден поединец без разлика на статус и позиција.
ЕМ. Нашите информации и анализи се спротивни. Бројот на нашите симпатизери и следбеници расте. На фејсбук страната на Аваја имаме повеќе од 10.000 лица кои што ни се придружија со позитивни коментари и повеќе од 12.000 folowers на социјалните мрежи. Секако добродојдени се и критиките особено оние здраворазумските критики и предлози кои што може да ги зајакнат нашите слаби страни. Кфалификацијата не би сакал да ја коментирам него само да ве повикам Вас и вашите следбеници да ни се придружите во нашата заедничка цел, уште повеќе да не следите и секогаш кога грешиме да не корегирате или критикувате.
Идејата во која што веруваме е реална .
Ако ги следите нашите објави ќе видите дека се дружиме и градиме контакти со секој еден поединец без разлика на статус и позиција. Впрочем тоа го научивме од нашите родители, кој со образование, кој со труд и работа со чесност и искреност, како знаел и умеел секој еден од нив успеале . Ние сме горди на нашите родители и нашата заедница.
Конференциите и семинарите се алатка на луѓето да се соберат на едно место да планираат да разговараат за идеите и визијата и да носат заеднички одлуки. Тука има и колективни и лични придобивки. Мислам секако не е криминал сам по себе.
Да на ваков заеднички начин, преку заеднички дискусии и состаноци, со дружење, чесност и отвореност преку дискусија и заеднички раст и развој ќе ја бараме поддршката од ромската заедница.
Се сеќавам на зборовите од моите родители кои што велеа – само со труд и со учење 10пати повеќе од другите ќе бидеме на исто со останатите. Ама види ги другите …. Оставете ги вие другите на кои што им паѓа од небо. Ние да работиме на нашиот потенцијал и да ја вратиме или да ја создадеме вистинската моќ на заедницата. Резултатите ќе дојдат и тоа заедницата ќе го вреднува.
ЕРП. Дали целосната подршка на ова ново ромско политичко крило на Аваја се базира на оние отворени канцеларии во кој неофицијално дознаваме дека работат и се на платен список околу 40-тина ваши активисти ширум С. Македонија, и дали членовите кои ке бидат во ова ново политичко крило а се членови на ромските НВО Романо Авази, Ромалитико, Ромаверситас и други ке работат и понатаму во невладиниот сектор и воедно ке делуват како членови на политичка партија?
“„Доколку имам функција во политичката
партија Аваја ќе го ставам во мирување
или ќе дадам отказ од мојата позиција
во Извршниот одбор на организацијата Ромаверзитас„
ЕМ. Аваја треба да се регистрира како политичка партија ако мнозинството од приврзаниците одлучат така. Лично мислам дека Аваја треба да биде политичка партија со овие млади и надежни кадри. Како член на извршниот одбор на Ромаверзитас според информациите со кои што располагав .Точно е дека Ромаверзитас од 2014 до 2019 година на “платен список” имаше некаде повеќе од 1000 средношколци и студенти, ментори и професори, обучувачи, кои според тој платен список примаа стипендии. Според тој платен список како што вие го нарекувате точно е и дека имаше и вработен персонал кој што на моменти броеше и до 20 хонорарно ангажирани лица и лица со платени придонеси. Тоа се фамилии кои што живееле од тој хонорар и кој што чесно си ја сработувале својата задача.
Законите во Република Северна Македонија не ги делат граѓаните по таа основа. Имено еден граѓанин кој што е доктор може да биде доктор и во исто време да се придружи на некоја политичка идеја како член или како функционер. Истото е и со менаџерот, адвокатот или асистентот во граѓанската организација кој што може да се приклучи на некоја политичка ИДЕЈА , активно да ја подржува, да биде член или функционер.
И вие како новинар во исто време може и да бидете новинар, може хонорарно да работите како експерт или во некој проект и да се приклучите во некоја политичка партија, да бидете член и активно да избирате или да ве изберат во некоја функција.
Доколку имам функција во политичката партија Аваја ќе го ставам во мирување или ќе дадам отказ од мојата позиција во Извршниот одбор на организацијата Ромаверзитас од морални причини иако законски не сум обврзан. Првите позиции како што се претседател на политичката партија и генерален секретар во случајот со Аваја ќе бидат професионални и посветени функции и нема да бидат споени со други функции во друг правен субјект -НВО.
ЕРП. Многумина сметат дека вашето доаѓање како политичка партиа ке биде исто како што тоа го направила Аваја кога се формирала во национално ромско движење, да ги претопат малите невладини организации како би биле зависни од нивни проекти и нивно понатамошно финансирање. Сходно на таквата политика сега се мисли и за згаснување на другите политички партии за да ја имате целосната ромска политичка контрола во С. Македонија. Колку од ова е вистина а колку е лага?
„Заедницата ќе добие само вистински избор.
ЕМ. Ох… ова е голема моќ што ја препишувате на АВАЈА. Тоа би значело дека ние уште не регистрани и гасиме и палиме. Секако дека Не.
Заедницата ќе добие само вистински избор.
ЕРП. Еден од лидерите на Аваја од Струмица со кого ние стапивме во контакт за интервју за време на локалните избори во Македонија , а за кој денес е дел од вашиот политички тим,не сакаше во интервјуто да збориме за Ромите во Струмица, со образложение дека нема да го гласат асимилираните Роми, и дека тој целосно не се осеќа како Ром. Како вие би го дефинирале ова, со оглед на тоа дека во вашиот тим има и такви кои досега работеле во ромскиот невладин сектор и за кого се има претпостевено дека манипулирале со финансиските срества?
ЕМ. За тоа мора да поразговарате со тим лидерот на Аваја од Струмица. Јас можам само да претпоставам дека може политичката стратегија во Струмица била сосема поинаква.
Аваја треба да биде етнички профилирана партија заради нееднаквите стартни основи по однос на многу прашања. Но ние ќе се стремиме и кон целината и добробитот на државата затоа што сме свесни дека само функционална држава која што интегрира и обезбедува а сервис и услуги може да биде држава за сите.
Општи констатации или коментари од типот се претпоставило дека манипулирале – нема да ги коментирам. Секој си одговара за своите постапки . Јас не сум тој кој што кажува. Има одговорни иституции и постапки преку кои се утврдува и докажува.
ЕРП. Населбата Шуто Оризари е оаза за политичките партии поради големиот број на ромскиот електорат кој живее во ова Општина. Вие досега не успеавте да се неметнете во ова општина ниту како невладина организација ниту пак политички и покрај вашите напори, поради блокадата од страна на ромските политички партии , кои се концетрирани во ова општина и имат негативен став кон вас и ве сметат како не посакувани и не добродојдени. Каков е вашиот став околу ова во однос на ромските политички партии и големиот број на Роми од ова општина кон вас?
“Имаат негативен став оние квази политичари
кои што сакаат и понатаму да ја држат
ситуацијата во своја корист. Кои што политиката
ја разбрале само како друго средство
за остварување на својата цел.”
ЕМ. Напротив на сите активности во кои што сме работеле најголемиот дел од корисниците се од Шуто Оризари. Денес не е време каде што вие се наметнувате или пак некој Ви забранува. Ако некој го узурпира местото и работи спротивно од законот тој ќе си одговара согласно законот. Или Вие мислите на тие намешталки што беа одраз на прошлото време кога лица насилно влегувале во општина Центар мислам дека тогаш беше и кога на секој протест имаше контра протест?
Имаат негативен став оние квази политичари кои што сакаат и понатаму да ја држат ситуацијата во своја корист. Кои што политиката ја разбрале само како друго средство за остварување на својата цел.
Тоа што ние го кажуваме – дека не е добро еден лидер да биде претседател на политичка партија цели 30 години или пак кога велиме дека мандатоот на еден функционер кој што е на некоја функција на локално или национално ниво не е добро да биде повеќе од 2 мандати за да има простор и за другите лица или членови. Месии во политиката нема, него напротив животот продолжува понатаму и без нас.
Што очекувате Вие дека они така лесно ќе се откажат од својот авторитет и од својата позиција и интереси? Напротив ќе блокираат се што можат. Но тоа нема да ја промени состојбата исто како што и они не може на тој начин да направат ништо подобро од тоа што е. Зашто тоа што правиш и ќе ти прават .
Нашата тактика е еден на еден. А нашиот народ е миролубив “ напатен народ“ – дојдете со нас на терен во Шуто Оризари .
ЕРП.
И на крајот дефинирајате ги овие точки во неколку реченици: НОВА ПОЛИТИКА СТРУЧНОСТ ЗНАЕЊЕ МОЌ ХРАБРОСТ ЕНТУЗИЈАЗАМ МОТИВАЦИЈА ТИМ ДОВЕРБА ЗАЕДНИШТВО УСПЕХ ИДНИНА НОВИ ГЕНЕРАЦИИ ЛИДЕРСТВО ЛОЈАЛНОСТ КРЕАТИВНОСТ СОЛИДАРНОСТ
ЕМ. Нова политика која што ќе ја создаде реалната политичка моќ на ромската заедница, базирана на лојалност, доверба и храброст.
Лидерство од сегашни и идни генерации со знаење, креативност и солидарност.
КОН – успеси и нови победи.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.