Spread the love

Настанот со Станислав Томас, Ром од чешкиот град Топлице кој по полициската интервенција починал поради прекумерна полициска сила, ги разгоре ромските социјалните мрежи.

Куп на пораки за протести во знак на револт, и индиции за организирање на протести ширум Европа пред чешките амбасади биле најавени од неколку ромски организации како и од двајцата ромски Евро пратеници Ромео Франз и Петар Полак.

Таман помисливме дека овој намил настан ке ги разгоре ромските патриотски емотивни чуства, и дека « Roms lives matter » ке биде реприза на «  Lives Black matter » крахира по објавуваето на неколкуте видео снимци од одржувањето на овие неколку протести, во Берлин и Дизелдорф, на чији протести едвај можеше да се ибројат повеќе од педесетина Роми, кои биле подржани од еден мал број на не ромски организации.

Иако во тек се припремат и други протести во други градови низ Европа, ја самиот не знам дали да бидам оптимист или песимист , од она што досега го имам читано и слушнато.

Доколку ја гледаме заинтересираноста на ромската заедница во глобален план за сите случувања со Ромите во Европа па и пошироко, многумина од нас ке бидат растажени.

Некако сме се навикнале на таквиот ромски карактереитичен поглед кон настаните поврзани со нас.

Најверојатно сме се научиле други да ја сработат нашата работа.

Можеби сме поведени од самото наше размислување поради кои мислиме дека ние не сме соодветни да реагираме на сите тортури, дискриминации па и убиства со расен мотив.

Си правиме калкулации со мозокот дека другите подобро ке го направат тоа од од нас.

Како и да е ние сме заедница, нација,народ кој досега никогаш не подигнал бунт за своите права, за лошата безбедносна состојба, за институционалната дискриминација и исклученост и антироманизмот.

Не сме го подигнале заедно нашиот глас за земање на правдата во свои раце од поедини не Роми кон Ромите, линчувања, како и за се почестите полициски бруталности со смртни последици на поедини Роми ширум Европа, па дури и во самите членки на ЕУ заедницата.

Често ги мешаме парите и ромскиот патриотски активизам.

Се се сведува на парите, има пари, има активизам има патриотизам.

Барем тоа така до сега функционираше, искрено според мене и резултира со слабата посетеност на сите досегашни протести кои се организирани во знак на револт поради икс настани поврзани со Ромите.

Но од друга страна е големото лицемерие, сведоци сме на протестите кои биле организирани за Палестина и палестинскиот народ во „окупираната Палестина„ под мотото «  Free Palestine », »Proud Palestine » каде повеќе од сотина Роми од сите краеви на Македонија протесирале поради нападите на израелската војска на палестинската територија, како и огромната подршка на ромската заедница пред се од Македонија која поради религиозната припадност ја давале кон палестинскиот народ, заборавајки дека најугнетуваните се токму нивната заедница која нема никаква подршка од тие со кои заедно протестирале.

Уште еден чинител на не заинтересираниот карактер на голем број на ромската заедница ставање во прв план на егоистичниот начин на живот.

Тие попрво би патувале од Стохколм, од Амстердам, Рим, Парис… кон Брисел за некоја музичка манифестација за кои би одвоиле и по 200 и повеќе евра отколку да дават своја физичка подршка на организаторите на вакви и слични протести.

Организаторите на протестите тешко ке ја добијат подршката на останатите организации па и индивидуи поради финасиските срества кои тие ги добиват за вакви и слични протести.

Често може да се слушне „ Дај бре, ке ги подржиме а тие ке згрнат пари, е нема да ги подржам„ , заборавајки дека тие не дават подршка за нивниот финасиски буџет, туку подршка за својата заедница.

Не можат или неќат да сватат дека ваквите организирани протести некој мора да ги финансира, плакати, транспаренти, превоз, флаери, аудио опрема…

Ромите не финансират такви манифестации во кој нема приходи, како што тоа го прават поединци групи на други заедници .

И покрај се, ние не само што сме се одвоиле по географска, религиозна политичка туку сме се одвоиле и според социјалното ниво на групи и поединци.

Ова ме потестува на една приказна за таткото и неговите шест деца, која би ја споделил со вас.

Шесте браќа не се поднесувале меѓу себе, често се карале и се отимале за она што другиот го поседувал.

Целиот комшилук знаел за ваквиот нивен однос, и често пати тие уште повеќе ги разгорувале нивните кавги озборувајки ги браќата меѓу нив.

Нивниот татко бил многу жалостен поради тоа што браќата не се трпеле меѓу себе, па реши да им одржи една лекција.

Земал шест гранки и ги врзал во сноп.

Ги повикал синовите и им кажал секој од нив да пробат да го скршат снопчето на половина. Никој од браќата не успеале снопчето да го искршат на половина. Потоа таткото го одврзал снопчето и на секој од синовите им дал по една гранка и да пробат повторно да ја искршат на половина.

Овој пат било лесно велат синовите на таткото.

Да ,„ вели таткото, „Кога сте сами секој може да ве искрши и прави со вас што ке посака, но кога сте заедно како предходното снопче со гранки никој не ке може да ви наштети ниту искрши. „ рече таткото.

Ова приказна е нашиот досегашен начин на живот кога е во прашање нашата заедница.

Нашиот сегашен начин на незаинтереириноста кон заедницата не е само проблем на поединци, туку и проблем на иднината на нашите деца за кои треба да им оставиме историја која го променува текот на нашето размилување, и нашата заедничка борба против расизмот, дискриминацијата и антироманизмот.

Има пари има ромски активизам и патриотизам„ би требало да замине во историјата на заборав.

Пробудете се, ако не за вас тогаш за идното ваше пололение.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading