Spread the love

Ние Ромите немаме своја матична држава, но зато имаме политичари кои 30 години од плурализмот беа отскочна сопствена даска.

30 години независнотст на С.Македонија на своја кожа ја осетиле многумина работници меѓу кои најголем број на Роми.

30 години независнот на С.Македонија каде ние сме узвишени за време на избори, после избори кој не е*е.

Искрено нас Ромите не не поврзува со независноста сем лицемерие.

Ние гласавме за независнот на денешната Р.С Македонија тогашна БЈРМ гласале “ЗА“ сите Роми, а за возврат добиваме понижувања и одлуки кои се на штета на ромскиот политички социо и економски живот.

Некои мои пријатели денес гледам го честитат денот на назависноста на нашата татковина, но поради што, поради сликата која сакат да ја прошират за најтолератна држава кога се во прашање Ромите и како мулти етничка држава во која сите се исти и еднакви пред институциите?

Спротивно на сите ветувања јасно е ко бел ден каде се движите и како ја сменивте вашата мултиетничка кон бинационална идеологија.

Знам ке каже некој, па имате ваши политичари, ваши ромски НВО, национални ТВ, ви доделивме општина, ви овозможивме двојазични документи…

А што ке ни се политичари, НВО,ТВ, двојазични документи кога сме институционално дискриминирани, кога најголем број на незапослени се Ромите и покрај зголемување на бројот на образование и стекнување на професионални вештини.

Што ке ни се горе наведените демократско мултиетнички елементи кога повеѓе од 70% на Ромите живеат на маргините на општеството,.

Таква слобода и демократија и еднакво општество за сите го гледаме кога асвалтот завршува таму каде започнуват првите ромски куќи, каде извират фекалии поради немање на фекална и одводна канализација па дури и немање на питка вода.

Како да го препознаеме мулти етничкото опшетсво кога по основните училишта не сакат да примат ромчиња?

Како да ја препознаеме таа правда еднаква за сите кога на скоро секој судски процес, каде едниот е Ром а другиот е не Ром секогаш правдата е на страна на не Ромот?

Зарем не е факт дека сите останати присилно не асимилирате за ваши политички поени.

Зарем не е вистина дека секогаш го искривувате вистинскиот статистички број на Ромите, и дека само Ромите се тие на кој и те како им лежи она познатото „Калимеро нема правда„.

Не, не дека не ја сакам Македонија, таа е мојата мајка , мојата татковина, но  не го сакам лицемерието и лажната медна уста на политичарите кои не доведоа до ова дереџе.

Има уште многу за пишување, но овој пат ке бидам краток и само би сакал да додадам,благодарам ова година ке бидам дел од оние кој нема да ја честитат независноста на мојата поранешна татковина

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading