Spread the love

Денес кога се одбележува денот на Ромите, би сакал да издвојам неколки лица Роми који ја одбележаа минатата и првиот квартал од ова година.

Мојот избор е направен од тесен круг на лица, лица који според мене се фокусираа да направат обиди за измени на сегашната состојба на Ромите во Европа, лица кои покренаа иницијативи за застапеност на Ромите во политички дијалог со државни институции, како и нивни препораки за подобрување на состојбата на Ромите во државите каде работат и живеат, како и нивна мобилизација во борбата против секој вид на дискриминација и расизам против Ромите .

Лица кои преку својот политички ангажман се изборија да се донесат одредени одлуки кои се од политички и социјален аспект.

Овој мој избор од тесен круг е според моето видување и она што можев во текот на минатата година да следам преку медиумите како и преку социјалните мрежи.

 

Гратан Пухон е долгогодишен ромски активист , воедно и делегат на првиот ромски конгрес одржан во Лондон 1971 година. Иако е во длабока старост , тој се уште продолжува со својот активизам кога се во прашање Ромите. Тој е воедно и иницијатор на формирањето на Комитетот за одбележување на 50 годишниот Јубилеј од Првиот конгрес на Ромите, преку кој мобилизирал стотици Роми ширум светот за одбележувањето на историскиот јубилеј на почетоците на првото сериозно ромско движење.

 

Ромео Франз, Синто- Ром пратеник од партијата на Зелените во Европскиот парламент, имал задача како известувач да подготви извештај за спроведување на националните стратегии за интеграција на Ромите- борба против негативните ставови кон луѓето од ромско потекло во Европа.

Преку доставените извештаи, Франц воедно доставил до Европскиот парлемент повеќе од 300 амандмани и препораки за потребата од зајакната стратешка рамка на ЕУ за националните стратегии за вклучување на Ромите и зајакнување на борбата против антироманизмот. Ова година на почетокот на месец септембри ЕУ ке започне со реалицација на ова Национална стретагија, во која ке бидат вклучени државите членки на ЕУ.

 

Желјко Јованович, директор на Канцеларијата за иницијативи за Ромите на отворено општество. Иницијатор на масовна мобилизација и групирање на ромскиот граѓански сектор, формирање на ромски национални движења во Европа:

Аваја од Македониа, Опре Рома Србија,Постојана Ромска конференција- Бугарија, Аресел-Романиа, Кхетане – Италија…

Овие национални ромски движења се формирани како би се почуствувала моќта во креирањето на политики, како и нивни тет та тет средби со високи преставници на владите.

Јованович е голем критичар кој јавно во своите настапи со високи преставници на Европската Унија ја критикува Европската заедница за немањето на одредени институциални мерки, кои ке придонесат за подобрување на економската социјална и политичка положба на Ромите во Европа.

 

Дудуш Курто-Дудуш , градоначалник на првата ромска Општина во светот, Шуто Оризари од Македонија, важи за една од најсиромашните општини во главниот град на Р.С. Македонија. Во екот на пандемијата на Ковид-19 , кога бројката на инфицирани со овој вирус заочна драстично да се зголемува, тој наоѓал разни начини како да дојде одредени количини на дезинфекциони срества за потребите на граѓаните, пред се на оние кои се инфицирани со вирусот Ковид-19 и се наоѓаат во изолоциа. Голем број на жителите од ова Општина се невработени или пак се занимават со сива економија. Ограничувањата со мерките за спречување на ширењето на вирусот од страната на Владата, најмногу ги погоди семејствата со неформална работа. Гладот преставуваше голем предизвик на ова категорија на жители. За да ја намали гладта во Општината градоначалникот Дудуш со својот тим отвара народна кујна, преку донации, и лични срества со кој опскрбува ова кујна секојдневно опслужува близу 500 семејства.

 

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading