Интервју п со г-дин Патрик Алеманд, член на Социјалистичката партија на Франција
ЕРП .Господине Алеманд, околу 12 милиони Роми живеат во Европа, тие се најголемата етничка група на стариот Континент. Големата миграција на ромските групи доаѓа главно од Источна Европа, особено од посткомунистичките држави кои сега се дел од Европската унија. Поголем број од нив се со ниско образование и недостаток на професионална ориентација, што претставува главен проблем за наоѓање работа надвор од нивните домицилни земји.
Како ја гледате состојбата на Ромите?
ПА. Значи, никогаш не било лесно да се биде Ром, секогаш пред нив имало трнлив пат до успехот. За време на Втората светска војна, Ромите биле жртви на терор, насилство и геноцид врз нив и врз Евреите. Во очите на нацистите, Ромите не биле луѓе, туку животни. Иако овие настани се случија за време на Втората светска војна, за жал и денес се прогонувани и дискриминирани.
ЕРП. Дали мислите дека градот Ница има доволно ресурси за одредени ромски групи да им даде можност да се интегрираат и да им обезбеди нормален живот?
ПА. Постојат ресурси, има и имаше подобрување што беше наметнато од градот Ница, но некои од овие ресурси не беа соодветни за Ромите, што не е тајна, бидејќи беа применети многу позитивни мерки за таа група, единственото подобрување што беше наметнато со закон за луѓето кои патуваат „des gens du voyage“ е обезбедувањето повеќе места за нивно сместување, што претходно не беше случај, од искуство знаеме дека биле сместени на приватни паркинзи, узурпирале приватни земјиште, каде мораше да реагира полицијата, а поради инцидентот што се случи со градоначалникот на Ница, кога оваа група која влегла на фудбалскиот терен на Ница. Денес, тоа е зад нас, обезбедивме 50% од местата за семејствата чии деца одат на училиште, мислам дека имаме околу 50 места за „gens du voyage“, од кои 5 места се обезбедени за семејства со деца кои одат на училиште. Јас и тогаш и денес велам дека воопшто не сум задоволен затоа што е потребно да се обезбедат повеќе места за оваа група, но надлежните рекоа дека е доволно, треба да се направи повеќе, но не сум сигурен дека ќе биде сфати, сега немам информација дали ќе им требаат повеќе места, за жал не сум секој ден на терен со Рома. Во спротивно, повеќе места ќе овозможат сместување на повеќе семејства во текот на учебната година, дека нивната интеграција е приоритет за понатамошни прилагодувања во сите сфери од нивниот живот. За нив тоа е многу важен приоритет.
ЕРП Како Франција ги гледа Ромите денес?
ПА Во Франција денес имаме слика за Роми кои не се слични со другите мигранти, Ромите не спаѓаат во иста шема со другите мигранти, на пример, Сенегалци, Чеченци, Мароканци итн., во однос на политиката за интеграција и нивното присуство во земјата. Законите треба да важат за сите, вклучувајќи ги и Ромите, но за жал, законот за Ромите не е правилно интегриран. Знаете, малку е комплицирано, за Ромите имате направено лоша слика која не е поврзана само со образованието, кога ќе се спомне зборот Ром, се создава слика на човек кој е крадец, а самата помисла е страшна. . Зборот Ром веднаш се поврзува со крадец кој влегува во вили и краде. Кога се повикува жандармеријата, за жртвите најчесто се обвинуваат Роми или Романци.
Знам дека Ромите и Романците не се исти, но луѓето така мислат и за жал не се специјализирани за такви прашања, бидејќи во духот постои мисла дека сите Роми се Романци. За да се искорени ваквите стереотипи, приоритет треба да биде образованието кое е поврзано со работата, еве пример со себе, сте добиле документи за легален престој во државата, сте го научиле јазикот, сте интегрирани, сте нашле работа, а вие сте надвор од секаков вид дискриминација и предрасуди.
ЕРП Според некои проценки, во Франција живеат околу 15-20 илјади Роми, кои главно доаѓаат од Романија и Бугарија: Тие главно се нелегално сместени во импровизирани куќи без никакви услови за живот. На тој начин го загрозуваат своето здравје и животната средина. Од тие причини, сведоци сме на насилно уништување на вакви куќи во присуство на вооружена полиција. Ако веќе зборуваме за образование, овие деца се фрлени на улица и немаат можност да го продолжат своето образование од улица. Зошто не им се организира привремено сместување, пред да бидат иселени, за да можат овие семејства и нивните деца да одат на училиште?
ПА Значи одговорот овде е дека тие се непожелни овде, мислат дека ако се уништат овие куќи ќе се вратат дома, односно ќе се вратат од каде што дошле.
Луѓето мислат така, иако јас сум член на социјалистичката партија која е најтолерантна и со најлиберално политичко разбирање, ќе ви дадам пример во врска со поранешниот премиер на Франција, социјалистот на нашата политичка партија, Мануел Валс, кој рече „Ромите не треба да останат тука, и треба да се вратат во својот дом и дека не можат да се интегрираат“. А сега замислете какви ставови ќе има десницата, без да зборуваме за Националниот фронт.
ЕРП На крајот од интервјуто, која е вашата порака за Ромите низ Европа?
Затоа ви посакувам секоја година овој празник да се слави со зголемување на бројот на афирмирани студенти Роми кои ќе се борат против сите сегменти на предрасуди и стереотипи.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.