Spread the love

Во неколку продолженија ќе ја преставивме другата страна на можното потекло на Ромите

 

Јеремија 30:3 «Зошто еве доаѓат денови вели Јахве кога ќе го соберам својот заробен народ Израел и Јуда и ќе ги вратам во земјата која им ја дадов на нивните татковци и тие ќе ја заземат»,Второзаконие 28:64 „Тие ќе бидат расфрлани низ емјата“,Второзаконие 28:64 „Ќе им служат на боговите од и камен и дрво“,Второзаконие 28: 65-67“.Нема да најдат мир, и ќе мора да бегаат од една во друга земја“,Второзаконие 28:68.“Ќе се вратат во Египет и ќе бидат робови“. Ова не е само во Египет, во многу држави биле поробени , вклучувајќи ја Шпанија. Осија 12: 9. „Ќе живеат во шатори скоро цело време на нивниот аџилак“. Ромите и денес, во различни земји живеат во шатори,Езекиел 37:11. „Ќе останат сами нема кој друг да им помогне коските ќе им се исушат“. 600.000 Роми биле убиени за време на холокаустот но тие би можеле да бидат повеќе од 1.500.000,Второзаконие 28:62 „Нивниот број постојано ќе се намалува“ . Ромите имаат претрпено неколку геноциди во Европа, а особено во Шпанија, од католичкиот крал Карлос III,Второзаконие 29: 20-21“.Ќе го губат својот идентитетот за разлика од другите племиња. „Езекиел 13: 9.“Тие гo напуштија Израел заради лажни пророци и гатачи“,Еремија 31: 2-3“.Ќе бидат посетени од страна на Господ во егзил“,Осија 9: 3, Езекиел 4:13, Исаија 65: 4. „Ќе јадат нечиста храна“- и Библијата спомнува свиња,Второзаконие 32:24.Тие Ќе бидaт исцрпени од глад болест и чума“. Езекиел 36:24: “.И ќе ве изведам од сите народи и ќе ве соберам од сите земји и ќе ве доведам во важата земја да го заштитам моето свето име, кое е осквернето меѓу народите додека сте биле расфрлани меѓу нив”.

Историјата на Ромите се уште е една голема енигма, се уште останува научно недокажана со непотврдени факти на нивните корени. За нив се знае со сигурно дека остатокот на светот го населиле по нивното иселување од Индија ,односно дека беа населени во северо-западниот индиски подконтинент во реонот на Пенџаб помеѓу Индија и Пакистан. Повеќето од историчарите ќе потврдат дека Ромите немале свои историчари кои го воделе нивното генеолошко стебло,многу историчари кои го истражувале нивното потекло беа изолирани и неприфатени од ромската заедница.

Денес е познато дека Ромите се потомци на старите хиндуси,теза донесена и прифатена од многуте научници на само еден единствен факт, а таа е сличноста со нивниот јазик и старо индискиот санскрит јазик. Многу Роми денес ја потврдуват својата теза и цврство ја бранат во нивните објавени книги за историјата на Ромите.

Ромскиот јазик не е стандардизиран, сите Роми во светот зборуваат на различни дијалекти но и на јазиците во зависност каде во која држава живеат, односно Ром од Македонија зборува македонскино исто така во неговиот јазик се има втемелено и безброј македонизми, дали тоа значи дека неговите корени се од Македонија?

Според други теоретичари на ромското потекло , јазикот никогаш не би требало да биде појдовна основа за

утврдување на нечие потекло поради низа миграции од една во друга земја. Така на ист начин тие што дојдоа во Индија и го усвоија старо хиндускиот јазик санскрит, а го изгубиле својот

 

како што е денес пример на многу ромски групи кои го изгубиле својот јазик, а зборуваат на јазик својствен на државата во која престојуваат, не мора да значи дека нивните корени се од таа држава. Овој факт и те како им пречи на оние кои сметат дека Ромите се по потекло од Индија.

Во книгата “Ромите изгубено израелско племе“ има објавено мал речник со околу 100 слични или индетични зборови на библискиот хебрејски јазик со ромскиот, ваквото размислување имат и некои познати лингвисти како Кристоф Вагенсеил, Јулиа Хорват и Пол Векслер.

 

 

Во книгата на колумнистот Stiven E.Asheheim издадена од германското еврејско братство во 2015 година во соработка со Лав Баек институтот во Ерусалим на 64 страна се вели дека во 1705 година во неговиот Benachrichtungen Wegen Eniger Gemaine Judischheit Betreffenden Sachen(известувања,патеки ,пораки,прашања и загриженост на Евреите) дека првите Роми во Германија биле всушност Евреи, кои избегале во блиската шума под овбинение дека предизвикале пожар.

Како доказ Wagenseil вели дека Ромите не биле познати пред XIV век, нивниот јазик имал основи на хебрејскиот.

Книгата“Ромите изгубено Израелско племе“ пишува дека кога Ромите стигнале во Индија тие се уште зборувале хебрејски и дека со себе го носеле и усменото предавање на познавањето на старите списи и за нивниот Бог (YHWH- יְהֹוָה).

За да се запознаеме кои биле тие 12 Израелови племиња треба да се вратиме назад неколку иљади години. Према библискиот извештај овие 12 племиња настанале од пра таткото на Израел Јаков кој подоцна стана Израел.Имињата на племињата настанеле од неговите синови и внуци. Бидејќи племето Леви немало добиено територија поради тоа што тие раководеле со бого службата, тие беа населени по останатите племиња.Овие се 12 Израелови племиња: Ашер,Дан, Ефраим,Гад,Јисакар,Манаше,Нафталиј,Рубен, Зебулон,Шимун, Бенјамин и Јуда.

 

Некаде околу 6 век п.н.е Асирија станува светска воена сила, таа го напаѓа Северното Изреалско Кралство и заробува голем број на Изреалци кој потоа ги води во Горна Месопотамија денешна Сирија и Ирак.Нивното царство се протегаше дури до Анадолија. По повеќе од 150 години Асирија го губи приматот на светска воена сила, на нејзино место доаѓа Медо Персија со нивниот Крал Кир кој носи одлука сите Изреалци да се ослободат и вратат во својата татковина.

По нивното ослободување и покрај нивниот копнеж за својата татковина само мал дел се враќат назад, еден дел остануват поради стекнување на општесвена и економска корист, и избрале да останат во својата нова држава и еден дел од тие племиња одлучуват да заминат према исток наместо да се вратат во својата татковина Израел. Тие што се занимават со проучување на старите библиски списи велат дека нема иагубени племиња туку изгубени групи од племињата на северното Кралство, значи терминот изгубени племиња не би требало да биде соодветен.

Патот на свилата ги носи до кинескиот брег на Тихиот Океан и јужно према Авганистан , Пакистан и Индија. Од најрани времиња веројатно по падот на самарискиот град Нинива и пред падот на Ерусалим под Набукодонозор некои северно Изреалци ја користеа предноста на краток паериод со кој ја проучувале оваа рута према далечниот исток.

Историска скица на историчарите и за антропологистите, кои тврдат дека Ромите потекнуваат од Индија не е комплетирана , бидејќи тие се само врз основа на еднострано знаење. Нивната теорија се базира само на јазикот како гледна точка, и се зема предвид културата на Ромите, како целина, што се должи на нивниот идентитет кое е поважно од нивниот стекнат јазик за комуникација. Ако се согласиме со оваа теорија,тогаш мораме да кажеме дека сите американски црнци треба да се гледат како Англичани.

Оваа теорија е шпекулативна и не е точно. Шандор Аврахам вели «Дезинформации во врска со индиското потекло на Ромите во голема мера придонесе од страна на самите Роми, дали да се одрече од своето еврејско потекло и да излезе со различни лажни приказни за вистинското потекло. Но, главната вина во ова прашање може да се припише на фалсификатори на античката историја. Ромската култура има многу хебрејски елементи, затоа што тие доаѓаат од Израел, а не по потекло од Индија ».

 

«Ромите се дојдени дојде во Индија некаде околу 128 (п.н.е.), и од страна на Хуните, кои беа Hepthaliti, се населиле во државата Утар Прадеш. Особено, во овој регион Ромите презедоа голем број на странски зборови од Индија, кои се користат денес. Ромите по еден извесен временски период избегаа во Benares пред војната, друга група на локални жители беа принудени да се преселат на Ranchee. Индија не е оригиналната татковина на Ромите, таа била привремено прибежиште во долгата историја на прогон. Нема генетски роднини на луѓето кои живеат во Индија и на хиндуизмот или било какви транспонирани сродни елементи . По напуштањето на Индија, Ромите во Европа дојдоа низ Иран, Ерменија и Босфор, како номади. Освен нивниот јазик која е единствената преживеана карактеристика и ги поврзува со потомците на старо хиндусите, но и на повеќе стекнати предходни итражувачки навики» , тврди хроничарот Абу Наср Утби .

Крај на првиот дел

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading