Spread the love

„Статистичките бројки кои ке произлегат од пописот на дијаспората нема да имат никакво влијание во креирањето и развојот на политики во Република Северна Македонија. „

Ова вчера го изјави на онлине средба со ромските веб портали госпоѓата Јасмина Георгиева, вработена во секторот за дискриминација на Државвниот завод за статистика, и воедно и дел до тимот за потготовки за престојниот попис на населението и домакинствата во Северна Македонија.Онлине средбата беше иницијатива на ромското национално движење Аваја од Македониа, со кој модерираше советникот за ромски прашања во кабинетот на премиерот Зоран Заев, Елвис Мемети.

Бројката на попишуваните Роми од дијаспората би била многу значајна кога се во прашање резидецијаните Роми поради развојот на политики со што со самото промовирање на демографска обнова би требало да се создадат подобри услови за семејствата и подобро усогласување на работниот и семејниот живот, попродуктивна и подинамична Северна Македонија, зголемување на продуктивноста и економските перформанси преку инвестирање во образование и истражување, обезбедување одржливи јавни финансии со цел да се гарантираат соодветни пензии, социјално осигурување, здравство и долгорочна грижа.

Според Георгиева бројката на запишаните Роми од дијаспората кои се отсутни од својата матична држава повеќе од 12 месеци би биле само статистичка бројка со која владите во иднина ке креират и пронаѓат решенија за одвраќање на младите од напуштање на државата, преку разни социјални економски и политички креации.

Една третина од Ромите во Македонија се во некоја од земјите членки на Унијата, и се резидетни.Иако со сигурност не може во точност да се дојде до ова бројка, оти ЕУ нема статистика на одредена национална популација која живее во Унијата, сепак од теренски , семејни , комшиски и пријателски извори , голем број на Роми од Северна Македонија се привремени жители во ЕУ .

Но било како било ова не смее да ја поколеба ромската дијаспора, иако немаме доверба дека и самата бројка на резиденијалните Роми во Македонија ке креира прогресивна политика кон ова заедница, сепак многу важен фактор е опстанокот на нашата заедница.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading