Spread the love

I romani asocijacija Romnoker sikavela progresi ki edukacia akela najbare etničko jekhinakoro ani Europa.

Akaja asocijaia kerela buti ki tolerancia maškar o purane sedentarno Roma, thaj Sintia, numa vi o Roma emigrantija ani Germanija. Lengere aktivnostija akan si panle e lačaribaske o status e romane thaj e sintengere čavengoro ani edukacija, kote so teloikeribe isilen tahj tari Fondacia, gndipe tgaj džovapluko em furiba ( EVZ). Ko sadžandipe si kerdo 614 intervjua sar reasrin te akharelpe o EU te del teloikeribe e romengoro ani edukacija.

Trujal o Sebastijan Kurtisi so si bijamo ani Makedoniam barilo ani Srbija, thaj ko ple 17 berša našlja piri jeriencar ani Germanija thaj agorkergja sar socijalno bukjarno, vakerela so o baripe taro socijalno predrasude prekal akaja etičko kupa si bare. „Adava si džiani so čorela, muyikantia, manuša kola so drabarena o futuriba,“- thaj ki jek vrama pučenat tumen „Soske sijum asavko“.

Akala studije sikavena so o rasizam,anticiganizam thaj i diskriminacija taro pobuter 40 procentia tale ki siklovni trujal pire amala, profesoria, kote so ola arakholevana sar diskriminirime.

Pobuter drabaren ko artiklo taro DW ki makedonijakiri čib

Германија: Секое трето ромско дете не завршува училиште

Исти образовни шанси за сите во Германија? Студија на Здружението РомноКер покажува напредок во подготвеноста за образование кај најголемото европско малцинство, но и дискриминација

Ти си никој и ништо, за ништо не те бива“, со векови важи ваков начин на обраќање кон ова малцинство, некогаш суптилно, а некогаш отворено, вели Себастијан Куртиси за Дојче веле, еден од анкетарите во изработката на студијата на РомноКер меѓу староседелците и имигрантите Синти и Роми. РомноКер е здружение на Синти и Роми, кое би требало да ја одржи нивната култура и идентитет, а неговата студија ја поддржа Фондацијата сеќавање, одговорност и иднина (ЕВЗ).

Научно се обработени 614 интервјуа. Куртиси е исто така припадник на малцинството кое брои околу 6,3 милиони луѓе во ЕУ со заеднички ромски јазик – романес. Државите-членки на ЕУ се повикани експлицитно да го поддржат учеството на Ромите во образованието, а 80 % од испитаниците него го сметаат за многу важно.

Зошто мислите дека сум таков?

Себастијан Куртиси е Ром роден во Македонија и израснат во Србија. Завршил техничко училиште и со 17 години со родителите избегал во Германија. Во меѓувреме има германски пасош. Работел во Ахен во постројка за десулфуризација, а денес е социјален работник и советува луѓе кои се приматели на социјална помош Харц 4. Во еден момент го сфаќате обемот на предрасудите кон нас, вели тој: „Тоа е народ на крадци, музиканти, гатачи и просјаци… Зошто мислите дека и јас сум таков?“

Авторите на студијата укажуваат на расизам, антициганизам и дискриминација. 40 % од испитаниците зборуваат за дискриминација на нивните деца, воедно и од наставниците и од учениците, две третини се чувствуваат дискриминирани, и во образованието. Но, таму каде наставниците имаат поголеми очекувања од децата од малцинствата, тие деца во просек постигнуваат добри резултати.

Тоа може да го потврди и Марија Шуекер-Вајс, припадничка на народот на Синти и Роми која исто така работела во студијата како анкетар. За Дојче веле таа зборува за мајка на син на која поради германското презиме ѝ се обраќаат најнормално. Но кога таа и сопругот ќе се појават во училиште, со „црна коса и темен тен на кожата“, им поставуваат чудни прашања. Одеднаш детето мора да оди на дополнителна настава, иако е добар ученик.

Тоа често го доживувам“, вели Шуекер-Вајс. Многумина велат дека децата без оглед на добрите оценки добиваат лоши препораки за натамошно школување. Нејзината родена ќерка која учи во гимназија рекла: „Среќна сум што имам руса коса и сини очи“. Затоа не мора никому ништо да објаснува.

Имаше голем револт кога неодамна полицијата привела 11-годишно момче со лисици на рацете без да

https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B5-%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D1%80%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5/a-56675028?fbclid=IwAR3hAaOG6UWlUJ7Of85e6fm_xeR5vSSKa7vIALlWKnIEI5J2fsOHo0b0s-A

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading