Spread the love

 

“Ромите не сакат да се интегрират„
– Мануел Валс,  поранешен министер за внатрешни работи во владата на Франсоа Холанд,
дадена во интервју за француски Фигаро
во 2013 година , во која става акцент
на интегративните решенија
кои се спроведуват, но се со ограничен
интерес од страна на ромските семејства кои мигрират од Источна Европа, пред се од Бугарија и Романиа.”

 

Ромите од Централна и Источна Европа со појавата на либерализмот се најдоа исклучени од социјално економскиот живот.
Тие беа на прво место на отпуштање од работа како „неквалификувани„ работници, по примопредавањето на државните фирми и претпријатија во рацете на приватниот сектор.
За разлика од комунистичкиот „режим„ во кој тие беа официјално заштитетни и ги имаа истите права како и секој друг граѓанин, во новото општество тие се најдоа на удар не само на социјална економска исклученост туку и на мета по доаѓањето на неонацистичките движења.
Ова заедница била принудена да ги напуштат своите домицилни држави поради државниот расизам и политички екстремизам барајки нов и посигурен живот.

Со самото нивно доаѓање во Западна Европа, тие наидуват на проблеми ,првин со наоѓање на работа која е исклучиво тешка , поради немањето на работни квалификации како и на проблем со ниското ниво на образование.

Со текот на времето и годините поминати во неизвесност без работа, тие својата материјална ехзистенција ја наоѓат во собирање на старо железо и просење.
Во Франција набргу никнуват импровизирани живеалишта на државен или на приватен имот или во близина на стамбен кварт, без услови за нормален живот, без питка вода, електрична струја и одводна канализација.

Овие диви кампови наликуват на депонии во кој се складира железо, картони, пластика отпадни автомобили и други секундарни сировини.
Месното население во близина на овие кампови често до градските власти се жалат на галамата и смрадот кој се шири од овие диви кампови, поради кои често локалната самоуправа со декрет од судот и префектурата мора да интервенира за разчистување на овие диви кампови.

 

Таквиот начин на живот на одредени ромски групи кои мигрирале во Франција често наидува на предрасуди, дискриминација, стереотипи и расистичка настроеност од локалното неселение.
Од друга страна пак како знак на негостољубивост во некои градови во Франција каде што има поставено вакви кампови па и сквотови, некои расистички групи подметнуваа пожари, во нивните кампови, од кои повеќето завршија без сериозни последици по живот на жителите на овие кампови.

 

Многу локални градоначалници и локални службеници наоѓат различни начини, нивното деложирање да го направат на што по хуман чин со наоѓање на привремено сместување, и давање на можност семејствата да бидат интегрирани во Француското општество.

Во Франција, неколку општини воспоставија шеми за интеграција кои им овозможуваат на некои ромски семејства да се снајдат.
Многу од избраните државни и локални функционери кои барат подршка за интеграција на ромските семејства од дивите несигурни ромски кампови, беа санкционирани за време на избори и тоа уште во првиот круг на гласање.

Интегрирањето на ромската заедница во  Франција е скапо (политички).

Европската Унија во последниве неколку години го забележува зголемувањето на антириманизмот кој преставува голема блокада на европските интегративни процеси за Ромите.
Унијата во 2020 година започнува со нова стратегија за борба против антироманизмот како и нејзиниот приоритет кон ова европско малцинство да го интегрира со помош на државите членки, преку стратегијата која е донесена во 2020 година.

 

Во Франција, каде што етничкото таргетирање на јавните политики не е дозволено, на 12 март 2021 година француските власти ја испратија националната стратегија во Брисел со која се вклучува на препораките на Советот на Европа во повеќегодишната стратегија за „ за еднаквост и вклучување и учество на Ромите 2020-2030„.
Оваа повеќегодишна стратегија 2020-2030 е структурирана околу три амбициозни цели:

1. Борба против „антициганизмот“ или антиромскиот расизам

2. Подобрување на условите за живот и вклучување на патниците

3. Забрзување на расчистувањето на сиромашните квартови каде што живеат интраевропски државјани во несигурни ситуации

Според податоците кои ги има МДСД во оригинал DIHAL (Меѓуресорска делегација за сместување и пристап до домување), кој е носител на стратегијата на државно ниво заедно со здруженијата кои се дел од ова програма меѓу кој е и здружението АЛЦ- 06 од департманот Приморски Алпи 06, во Франција во сиромашни квартови живеат околу 13.000 лица од Источна и Централна Европа.
Според DIHAL ( МДСД) ова стратегија јасно ја дефинира и означува специфичната форма на борба против расизмот кај оваа полулација, со вклучување на лицата патувачи, кои се подложени на расизмот и бара посебни мерки за борба против ова .
Целта на стратегијата за Ромите кој ја прифати Франција е трајно рачистување на сиромашните квартови и прифаќање на семејствата жители на овие кампови да им се помогне во интеграциските процеси како и нивно вклучување во француското опшетсво.

Ваквата стратегија ке им овозможи на овие семејства да ги напуштат трајно дивите и несигурни кампови, преку образование ке се тргнат децата од улица и секојдневно просјачење на улиците, ке се бара стекнување на минимално познавање на францускиот јазик како и формација на работни кфалификации со кој ке бидат спремни на пазарот на трудот да аплицират за соодветно вработување со помош на инволвираните во овој процец, ке имат достојно домување како и комплетно здраствено осигурување на сите членови на семејствата.

Стереотипната парола „Ромите не можат да се интегрират„ е перјовативно мислење кој се одразува генерално на целата ромска заедница во Западна Европа па и во Франција.
Интеграцискиот процес за ова заедница не е невозможен, тој бара долг временски период.
Показател за долга временска рамка за интеграција на Ромите, соочувањето со одредени маргинализирани ромски групи од Романија и Бугарија кои тешко ја прифаќат интеграцијата.
И покрај ангажираноста на здруженијата вклучени во ова стартегијата за интеграција на Ромите на национално ниво, мал дел од овие групи тешко или воопшто не ја прифаќат својата интеграција, како предлог кој преставува обавезително вработување и образование.
Тешко е да се искоренат животните навики на дел од овие групи, кога е во прашање нивната животна цел.
Веќе неколку генерации одредени ромски групи живеат со лоши животни навики со кој на своите деца им го оневозможуват правото на образование и нивното право за нормален живот.
Друг проблем кој се врзува за ваквите групи и за потешкотијата со нивната интеграција е нивното врзување со одредени групи кој ги собират нивните дневни заработувачки претежно од просјачењето, за кој се претпоставува дека се или уценувани или плакјат високи затезни камати за дадени одредени суми на пари.

 

Франција веќе си ја постави целта, на ромските групи им се дава можност и голема шанса да избират помеѓу иднината на своето семејство, и излегувањето од тој маѓепсан круг на сиромаштијата, кој преставува и предуслов за боба против антироманизмот кој има основа на лошите животни навики на дел од ова етничка заедница.
Франција исто така може и има за право ,семејствата кои не сакат да бидат интегрирани и преставуват здраствена опасност за себе и за другите, и имат цел да бидат надвор од интеграциските процеси да бидат депортирани во нивните домицилни држави со забраа за влез во Франција.
Ова заканувачка мерка не би требало да биде цел на присилна интеграциона асимилација, таа преставува исклучително борба за иднината на ромските семејства, и преку такви заоштрени мерки са се променат лошите животни навики, кои преставуват блокада на интегацијата и нејзината имплементација.

 

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading