Spread the love

Најголем број на интраевропски Роми кои живеат во сиромашни квартови, е континентална Франција.
Во Франција во 2019 година статистички се проценува дека повеќе од 13. 500 живееле во сиромашни квартови, претежено лица со ромска етничка припадност жители на Бугарија и Романија.
Од јануари 2023 година овој број е намален за 18%, односно бројката изнесува близу 11 300 лица кои се стационирани во 249 сиромашни кампови ширум Франција.

 

Ова намалување на сиромашните квартови е охрабрувачки кој покажува политичка воља за решавање на децениските проблеми поврзани со интегарцијата на емигрантитет интраевропски Роми.
Напредокот исто така може да се толкува со имплементацијата на владината инструкција од јануари 2018 година, која постави цел за намалување на овој вид на неформално домување, преку социјална интеграција и почитување на законите на Републиката.
Владата издвои дупло повеќе финансиски срества за активностите и теренската подршка за ова заедница.
Благодарение на овие активности околу 3000 семејства се здобиле со решение за домување, 2500 лица се вработиле и повеќе од 3000 деца се запишани на училиште.
Иако овие резултати покажуват позитивен прогрес, сепак се нагласува потребата да се продолжи со напорите за целосно ресорбирање на локациите во кои се инсталирани овие кампови, пред се поради лошите услови , не само нехигиенските услови за живеење, напуштањето на училиштето, оддалеченоста од вработување, туку и, на пример, феномените на неформалната економија ).

Консолидацијата на оваа политика е третата цел на француската стратегија 2020-2030 година поднесена од француските власти до Европската комисија како одговор на препораката на Советот на Европската унија од 12 март 2021 година за „еднаквост, инклузија и учество на Ромите “.
Информациите се преземени од ДИХАЛ (Меѓуминистерска делегација за сместување и пристап до домување), која преставува Националната координација и мониторинг на оваа политика.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading