Една година од фамозната најава,( не ме фаќајте за точност) националното ромско движење Аваја од Македонија да стане нов ромски политички субјект.
Аваја се уште не може и официјално да биде нова ромска политичка партија, затоа што „устите„ велат се јавија фракции во двете најголеми ромски организации, Ромалитико, Ромаверситас и во помалото братче Романо Авази кое во последно време барем јавно како да го снема од социјалната медиумска платформа.
Според информациите со кои располагаме појавувањето на фракции во Аваја од страна на овие три ромски организации е местото на председател и членови на председателството на идната политичка партија Аваја, но најмногу за лидерската фотеља.
Јавноста како што вели изворот,знае дека за ова лидерска фотеља со голем „ дворучки- апетит „ го прифатија неколку члена на овие организации.
За Елвис Шакири се вели, според изворот дека нема шанси да биде прифатен од кај ромската заедница поради својот арогантен и нелиберален став, додека за Алберт Мемети и покрај својот мирен и сталожен однос и став, тој сепак е предодреден за канцелариска работа отколку за лидерска позиција.
Селва Мустафи за која ромската заедница на големо и еволуираше поради нејзиниот дискурс со поранешниот американски председател Барак Обама ( до толку беше ), изворот вели дека била под знак прашање дали воопшто таа и покрај добрите ораторски способности има барем малку лидерски предиспозиии, и второ дали би воопшто била прифатена како жена лидер на политичка партија, од ромската заедница.
Да напоменеме, Селва Мустафи го презеде кормилото на Романо Авази од страна на Акиф Кариман , кој денес живее во Германија, и за кој нашиот извор вели дека работи волонтерски во берлинската општина во советодавен одбор за интеграција.
Знаеме дека ова организација била организатор на неколку протести во Македонија, и како таква таа себеси како организација се смета дека е нај подготвена и да го преземе кормилото на идната политичка партија, во однос на другите организации кои работат канцелариска работа.
Суад Скендери од Ромалитико,според изворот е надобриот кандидат со сите предизпозиции да стане нов лидер на политичката партија Аваја.
Но ова младо успешно и просперитетно момче не покажа амфинитети за таква позиција, ниту пак има намера политички да се експонира.
И на крајот останува Елвис Мемети член на Ромаверситас, и советник во кабинетот на премиерот на Р.С.Македонија кој не крие за звојата заложба да стане иден политички лидер.
Изворот вели дека за него велат дека она што го покажува на социјалните мрежи, е чиста злоупотреба на својата должност како советник за ромски прашања, користејки ја својата положба за краткорочни не целосни проекти и активности по потреба на ромската заедница, со што ја злоупотребува својата професионална положба, за медиатрално преставување себеси како нов лидер кој може од „каменот камен да направи, вели изворот.„
Изворот вали дека „копјата„ се фрлени од страна на двете организации Ромалитико, и Ромаверситас, кој од овие две ромски организации ке успее да го преземе лидерството на се уште не официјализираната политичка партија Аваја.
На крајот изворот вели дека ова идна политичка партија е осудена на пропаст уште и пред нејзиното официјално формирање, поради борбата за лидерска функција, чија слабост е и препознатлива кај ромската политичка сцена.
Од друга страна пак,контакт личност од Аваја ( не сака да му се спомене името) од кого баравме одговори колку изворот е реален во дадените информации, вели дека сето ова не е точно, и дека некој намерно пласира вакви дезинформации, со цел да се деструира Аваја.
Вистината е дека Аваја во целина со сите други организции кои членуват во ова национално ромско движење, пратат се што се случува на социјалните мрежи, слушат се што се збори на кафе муабети, на свадби, веселби, и според тие информаци, ке се прави анализа преку кој ке изберат иден лидер на партијата бели контакт лицето од Аваја.
На прашањето зошто долго се чека за официјална регистрација на партијата, контакт лицето одговори, дека се уште структурата на партијата не е целосно дефинирана, и таа засега не е во фокусот на организациите.
Фокусот на горе споменатите организации ( без Романо Авази) е спроведување на стратегијата која им е приоритетна цел во сите сфери на активностите кои овие организации ги спроведуват.
Меѓу другото контакт лицето вели дека лицата кои префирират да бидат политички активни во новата политичка партија, ке мора да ги испразнат местата од сегашните активности во организациите,за да не дојде до судир на интереси, но тие места треба да бидат пополнети со други ромски активисти, за кој во моментот се разгледува мобилизација на ромски активисти со кој овие организации ке продолжат и понатаму да ги остварат своите цели и задачи во невладиниот ромски сектор.
Постои внатрешен договор, вели контакт лицето, и идниот лидер на партијата ке биде од редот на Ромаверзитас, кој е докажан ромски активист и борец за ромски права.
Името не успеавме да го дознаеме, оти како што вели контакт лицето, забрането им е да дават такви предвремени информации.
„ Не, иако Елвис Мемети е член на Ромаверситас, тој нема да биде лидер на партијата, ке има големо изненадување„ вели контакт изворот од Аваја.
И така ние ке чекаме, време има, пари има уште ни фали да го чекаме и пречекаме ГОДО.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.