Spread the love

РАН ( Ромската асоцијација на новинари) одлучивме преко соопштение да го искажиме нашето незадоволство и игнорaтниот став на ромското национално движење Аваја кон ромските веб портали.

Националното движење Аваја по завршувањето на протестот кој беше организиран пред чешката Амбасада во Скопје , поради смрта на Станислав Томас од Чешка, ради брутална полициска интервенција, на својата ФБ група Аваја, сподели скрин фото од неколку не ромски медиуми истакнувајки колку медиуми исзвестувале за нивните масовни протести во Скопје, иземејки ги намерно или ненамерно ромските веб портали, кои од почетокот на настанот во чешкиот град Топлице, известувале со секојдневни новости во врска со Станислав Томас, споделувајки ги воедно и протестите кои беа организирани од страна ромски организации низ цела Европа.

Истите медиуми кои беа игнорирани од страна на националното движење Аваја на своите портали го објавија соопштението до медиумите испратено од страна на Аваја, но не било објавено од ниту еден не ромски медиум. Истите ромски медиуми известуваа за одвивањето на протестот на Аваја во Скопје, но не се најдоа во скрин фототографијата на Аваја како медиумска подршка за нивниот организиран протест.

Поради ваквиот став кон ромските медиуми, РАН која има цел да ги штити интересите на ромските медиуми и самите Роми новинари, преку ова соопштение бараме од Националното ромско движење Аваја да се произнесат во врска со намерното или ненамерното игнорирање на нашата медиумска работа со акцент на покривање или реобјавување на организацијата и самиот протест на Аваја во Скопје, пред чешката Амбасада.

Euromapres

Roma press

24 Vakti

RIZ  portal

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading