Spread the love

Денес Ромите од населбата Геге Општина Ѓорче Петров излегоа на протест поради одлуката на Општина Ѓорче Петров, во кој кај делот на ромските куќи во ова населба првобитно било кажано дека ке се гради зид од 3 метри височина.

Со вработениот во секторот за урбанизам во Општината Ѓорче Петров Никола Андоновски, во живо разговараше новинарот на Ромапрес Абдула Севгул.

Андоновски истакна дека на Општината не и била целта да гради висок зид, спред него тоа се само политички шпекулации, и покрај тоа што Општината по осободувањето од пандемијата сакала да направи нешто убаво урбано, со подигање на зид но не од 3 метри височина туку 175 сантиметри висок со дебели железни профили на који ке бидат поставени жардинери со цвеќиња.

Од друга страна пак додека траеше емитувањето во живо на социјалните мрежи од страна на ромскиот портал Ромапрес, граѓаните Роми од населбата Геге со спротивен став околу изградбата на зидот.

Граѓаните кои протестираа, се огорчени од ваквата одлука на градоначалникот Александар Наумовски, и покрај веста дека оградата нема да биде толку висока како што тоа беше преходно најавувано од одредени лица.

Не е точно ваквата инфомација за зид од 175 сантиметри, јас лично се уверив со планот на градбата од кај еден од вработените „ вели еден протестантите.

Тие велат дека таквата ограда која и без разлика дали ке биде висока 3 или 175 цантиметри не менува ништо. „Што ако се случи да имаме итен случај , како ке дојде брзата помош до местото каде се стационирани овие куѓи , а ќе бидат оградени со ограда?„

Овој чин со оградата некој од жителите го окарактеризират како оградата која ја поставија Израелските власти во појасот Газа, „ Штое ова, ке постават толку висок зид , мислат ли дека ке им дозволиме , како што тоа го направи Изреал во појасот Газа, не никако нема да му дозволиме на градоначалникот да ја реализира својата намена„.

На овој протест спред Ромапрес биле присутни ромскиот активист Тефик Мамут, пратеничката Љатифа Шиковска,  председателот на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Ерџна Демир,председателите на ромските политички партии на ДСР Шабан Салију, на РОМ Ерџан Селими како и преставниците на ромското национално движење АВАЈА.

Ова е висок степен на фашизам, висок степен на сегрегација. Зошто да ги оградуваме македонските дечиња од ромските. Нели соживот се ветуваше„ истакна председателот на ДСР Шабан Салију. „ Ова не е политичка иницијатива, мене ме викнаа да бидам со нив денес да им дадеме подршка. Јас незнам што да правие дали треба воопшто да се иселиме од ова држава, каде да одиме, ни се ускратуват основните човекови права. Ова е срамота за демократијата во 21 век но и за градоначалникот на Општината кој треба да биде промотор на соживот а не на поделби„ вели Ерџан Селими од партијата РОМ.„. „ За време на изборите гдаоначалникот на ова Оптштина  ветуваше соживот, сега го прави спротивното„ вели Ерџан демири од ВМРО- ДПМНЕ.

„Вакви случаеви имавме во Словачка, Чешка , Романија… и додека Општината навистина продиолжи со ваквите активности тогаш вистинита околу изградбата на таков зид тогаш ова е грозно и не води кон едно општетсво за сите туку кон поделено општество. Доколку Општината и понатаму со сите сили сака да ги продолжи работитет верувам дека локалното население нема да дозволи, и ние сме тука да ги подржиме во нивната намера„ истакна Елвис Шакири дел од националното ромско движење Аваја.

Протестот заврши мирно како што и почна, но испрати порака до локалните власти дека нивната намера , без разлика да ли се работи за зид од 3 метри или 175 сантиметри нема да може да се оствари, и дека работата околу поставувањето на овој зид ке го штитат со своите тела.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading