Spread the love

Џ.К е Ром од Албанија, со не регулиран престој во Франција-Ница, повеќе од осум години.
Џ.К ја започнува својата животна приказна со кој како вели животот бил суров кон него и кон неговото семејство.
Пред осум години барал азил во Франција, но по брза постапка бил одбиен на два пати по неговата поднесена жалба до Судот за азил.


Тој има говорна мана, тешко наоѓа зборови а уште потешко да го опише својот талкачки безнадежен живот сите овие осум години откако ја нашушти Албанија поради семејни причини.
Пред десетина години, Џ.К привремено работел во Грција каде бил запослен како возач на камион, се додека од дома ( Албанија) не добил порака дека неговата сопруга била насилно одведена од група на луѓе чиј индетитет и денес не го знае.
Тој се враќа дома.
Својата малолетна ќерка која боледува од тешка епилепсија и психолошки здраствени проблеми ја затекнува кај комшиите, давајки и уточиште и храна додека тој не стигна дома.
Џ.К случајот го пријавува во полицијата.


После пријавата тој добива анонимни телефонски заканувачки пораки по неговиот живот.
Сам без роднини и пријатели, страв за својот живот бара полициска заштита, за кој е експресно одбиен велејки му дека неговата сопруга сама без притисок заминала кај друг маж, со што може да се потврди со нејзината изјава дадена во полиција.
Џ.К ја губи и керката која социјалната служба ја зема под свој надзор.
Така како што вели немајки за кого да остане во Албанија, наместо во Грција каде што работел заминува за Франција, барајки азил.
Цели осум години живее на улица, спие по плажи, се храни во социјални ресторанти, секоја вечер како што вели заедно со група на бездомници чека сендвичи, топли напитоци, супа овошје и десерт кој ги дистрибуира неколкуте асоцијации стационирани во градот Ница.
Тој својата заработувачка која е минимална ја заработува со продавање на пазар за стари работи, кој ги наоѓа по контејнерите низ градот.

Џ.К по овие осум години со тага од минатото, и животот на улица заболува од кардиоваскуларна болест и астма, а често пати е и без ориентација.
Често е пациент на лекарската организација „ Доктори на светот„ кои пружат медицинска улуга на лицата без документи и без здарствено осигурување,
Тој едноставно нема цел во животот, не размислува за иднина оти ја нема.
Едеинствената среќа е неговото будење наутро заедно со раѓањете на сонцето на празната плажа во овие зимски денови.
Неговата иднина е денес, утре е утре ако го доживее повторното раѓање на сонцето.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading