Израелско палестинскиот воен конфликт ги подели Ромите, оние кои се со исламска веросиповед и оние од друга веоисповед,
На социјалните мрежи може да се види фотографии со исценирани сценарија и од двете страни, меѓу кои и емотивни коментари кои ја подржуват едната односно другата страна во конфликтот.
Што бараме ние во сето ова? Која е нашата цел и што сакаме да постигнеме доколку ја браниме ова или она страна? Човечки би било настаните да ги гледаме од аспект на ужасите и на двете страни, но не и заземање на страна.
Дали ние како Роми муслимани, се разликуваме од нашите браќа христијани, од оние кои се дел и припаѓат на групите Кале, Мануш, Синти, Гитан…?
Која е бројката на Ромите кои припаѓат на исламската и на христијанската вероисповед?
Нема да направам разлика на бројноста, колку припаѓат на исламската а колку на христијанската вероисповед, оти очигледно е дека оние Роми кои припаѓат на исламската вероисповед е многу мал во однос на оние со друга вероисповед, освен ако Македонија или Шутка не ја земеме како Ромски свет.
Сакале или не мораме да признаеме дека Еврејските организации многу се залагат како финансиски така и на други начини да им помогнат на Ромите, без селекција кој на која вероисповед припаѓа , за споредба со исламските организаии кои својата помош ја насочуват кон Ромите со муслиманска вероисповед.
Но ова не мора да значи дека ја подржувам политиката на насилно протерување на домиционото население односно на палестинците, ниту сум подржувач на екстремно радикалните исламски гурупи. Генерално кажано не сум подржувач на насилство, терор и војна.
Она што можам да го заклучам од сето ова и од минатото дека де факто ние сме политички и религиозни подржувачи но не и Роми.
Ние сме навикнати да ги подржуваме политичките партии, да подржуваме нечија религија која преку неа не асимилира, но ретко се подржуваме еден со друг.
Ме зачудува што и повеќето ромски учени деца ( млади тазе израснати паразити) верата ја стават пред свооето национално потекло, иако се свесни дека религијата е таа која може да се замени со друга во било кој час, ден или година, но она што си роден останува од КОЛЕВКА ДО ГРОБА.
Ние сеуште не сме ја научиле лекцијата на националната свест.
Кои сме ние да го осудуваме Израел, зошто албанскиот политички блок како во Македонија така и во Косово и Албанија имат умерени ставови во врска со конфликтот?
Затоа што имат причина, тие настрана ја стават својата религиозна припадност во однос на своите национални интереси, а тоа е затоа што Израел скоро го призна Косово како држава, и втора причина е што САД стојат зад Израел за кои тие ниту во еден момент не сакат за се спротиставуват на ставовите на својот голем подржувач.
Сигурен сум дека ако сега би се организирале протести во знак на подржка на палестинскиот народ во Македонија, ке има иљадници Роми кои ке излезат на овие протести, а долку треба да се излезат на протести заради самите нас за Ром или Ромот тогаш ке не има едвај 50-тина.
Ние сеуште сме таму каде што сме, а тое е на самиот почеток на еволуцијата на развивањето на националната свест.
Ние сме политички и верски но НИКОГАШ РОМСКИ ПОДРЖУВАЧИ.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.