Šaj li avaja dži ko zero bokhalipe ani Šuto – Oriizari ?

 

Одржливи цели за развој. 17 на број. За мене сите со една иста крајна цел – достоен живот во чиста, здрава, безбедна животна средина. Рок за да го постигнеме тоа? 2030 година. Денес, во 2021 година, на 9 години од поставениот оптимален датум, ние како заедница сме сеуште далеку барем од неколку цели, меѓу кои: нула сиромаштија, нула глад.

Во однос на другите цели, би ги оставила за предмет на дискусија, поширока, базирана на бројки, примери, вклученост на експерти во дискусијата.

Но на прашањето дали кај Ромите до 2030 година ќе се искорени сиромаштијата и ќе има нула глад, можам одговорно да тврдам – НЕ. Дали сме сите виновни за постоење на гладни и сиромашни деца? ДА.

Дали може да се мрднеме барем од мртвата точка на успаност по однос на прашањето и кај нас и генерално во југоисточна европа? ДА.

Кога проблемот е прилично голем и глобален, ние како индивидуи имаме заштитен одбранбен механизам кога размислуваме за решение на проблемот, раѓајќи ја следнава мисла во нашите глави: „Јас не можам со една моја акција да решам толку голем проблем„. И така скоро секогаш, сите се оградуваме од проблемот, но продолжуваме да го чувствуваме и гледаме. И проблемот станува се подлабок и опфаќа се поголема група на луѓе.

Од сиромашни мајки се раѓаат сиромашни деца, гладните деца растат во гладни возрасни лица бидејќи поради глад не се во можност да посетуваат настава и да се вработат, остануваат дискриминирани итн… странците го нарекоа тоа Snow ball ефект, односно ефект на снежна топка, која колку повеќе се тркала без престан се поголема станува.
Но доколку одговориме позитивно на прашањето: „Што можам јас како решение да предложам и како„ тогаш можеме барем да ја успориме снежната топка. А до 2030 можеби и ќе ја стопираме. И можеме. Општинската народна кујна, иако функционира само малку повеќе од еден месец, ни е пример дека можеме.

Како?

Проектот Општинска народна кујна е целосно креиран на потребите на заедницата. На најзагрозениот дел од заедницата, кое во отсуство на електрична или намирници не може да си дозволи топол оброк. Идеалната слика е секое семејство да биде економски зајакнато, вработени возрасни членови кои самите ќе го искоренат гладот и сиромаштијата. Но, ова е навистина прашање кое не е ни под моја моќ ниту под моќта на локалната самоуправа, која во моментов е во економска стагнација, поради причини кои исто така треба да се образложуваат како посебна тема.

Но во недостиг на идеалната слика, решивме да излеземе во пресрет на моменталните потреби – потребата од храна, секој ден. На 180 семејства. Пристапивме кон 60 компании со барање да го подржат проектот, од 60 не удостоија со средба 4, од тие 4 компании 3 се вклучија во проектот, Жито Лукс, Даути комерц и Везешари. Им благодарам од се срце, во ова тешко време за сите, вкучително и за приватниот сектор, ваков нивен чекор е навистина за поздравување.
И така почнавме од 22 декември. Со 600 леба и 300 оброци и со вложени сретства и на општината за да го имаме стартот. И уште утредента добивме 1 јагне. Потоа уште 3. Потоа и едно теле. Потоа и намирници од хумани луѓе за готвење за еден ден, па за два дена. Потоа се приклучија и лица од заедницата кои живеат во странство. И така се создаде ефектот на „снежна топка„. Овој пат, во позитивна конотација, СИТЕ ЗАЕДНО – ЗА ЗАЕДНИЦАТА!
Мора да напоменеме дека целиот проект бара многу труд и многу вклучени луѓе. Тим за готвење, тим за достава на леб, тим за дистрибуција, тим за координација на набавки. Тука е и нашата главна улога како локална самоуправа, целата машинерија зад народната кујна да функционира беспрекорно, за да успееме заедно како тим до крајната цел – придонес кон нула глад!
Искрено, со радост ќе го дочекам денот кога веќе нема да имаме семејства пред кујната. Кога секој ќе има услови да си обезбеди вкусен оброк во својот топол дом. Но до тогаш, се обврзавме и нема да престанеме – затоа што ИМА РАЗЛИКА…

Фата Османовска

Председател на Совето на Општина Шуто Оризари

Avdive ano 2021 berš 9 berša taro čivdo optimalno data, amen sar kupatne panda
sijem but dur taro nekobor resarina, maškar nekobor resarina sar soj :
– zero ćorolipe,
– zero bokhalipa.

Ko dikibe javera resarina, bi mekava sa te oven kotor taro diskursi panlo pobuvle
gindoja , sar exampl, lejbe than taro ekspertia ko diskursi.

No o pučiba si šaj li dži ko 2030 berš te iklova taro čorolipe? Me vakerava „NA“.
Sijem li amen bange baši o baro čorolipe, baši čorole čave?

Oja.

Šaj li te startujna tari adaja muli nukta taro amaro lungono sojbe pala ko pučibe so
astarela amen generalno tari Jugobijandipaskiri rig? ( Jugoistočno Evropa).

Oja.

Kana o problemi si but baro thaj ano globalno pervazi, amen sar individue isijamen
protektorateskoro mehanizmo kana daja godi baši faisalipe (rešenie) e
problemeskoro, bijandipaja i avutni gnd ko amare šere: „Me našti jeke mire akciaja te
faisalinav dobor buvlo problemo“.

Thaj agjar saakana cidajamen taro problemi numa šunajale kori amende andre
dikibaja avrijal.

Tega akava problemi ovela sa pobaro thaj astarel pobuter manušen.

Taro čorole daja bijangovena čorole čave, o čorole čave bajrona bokhalipaja, soske i
bokh na delalen šajdipe te džan ani škola thaj te araken buti, ačona diskriminirime,
thaj …

O avrutne ( strancia) akharena akava „Snow ball efect“, efekti tari ivali grutka so
pobut rotirinela dobor pobut bajrola.

Dži kote daja pozitivnikano raporti ko pučibe “ So šaj kerava me sar faisalin te džav
poadari sar bi te šaj adaja grutka ivali te stagnirina, tega šaj dži ko 2030 berš o
čorolipe šaj činavaja.

Oja, šaj, exampl talo e Komunakiri dizutnegiri kujna so si ani funkcia na pobuter taro
jek čon dela amen exampl kaj šaj keraja.

Sar?

O proekti tari Komunakiri dizutnegiri kujna si kreirimi baši o trebuipe (potreba) e
jekhinakiri, thaj i jekhin so si majviktizirimi prekal o čorolipe, kaske mankinela
elektrika, jali sako diveskere alimentarno trebuipa thaj tato habe.

O ideali sakodiveskere dikibaskoro te ovelpe ekonomsko zoralo, bukjarno, kolea šaj
ikavelape o čorolipe. Numa akava si čačutno pučiba so nane tela ki mli zor nit si tela ki
zor e lokalno ofiseskoro so ki akaja vrama si ani ekonomsko stagnacia,
baši o karane so trebela te dikelpe sar importatno tema.

Numa baši nanibe idealnikani vizia, faisalingjem te iklova anglal ko akanutna
trebuipa, habe sako dive 180 familienge.

Kontaktiringjem 60 kompaniencar, numa baši akharin astargejpe salde 4
kompanie, 3 kuvgje ko proekti „ Žito Luks“ Skopje, „Dauti Komerc thaj Vezešari“
Skopje.

Bahtarava lenge vilestar, ani akaja pari vrama savorenge a majbut ko
privatnikano sektori baši lengoro akcepritibe te oven kotor ko akava proekti, so
čačipaske si bare bahtaribaske.

Agjahare startungjem taro 22 dekemvri 2020 berš, 600 marencar thaj 300 habe
kote so vi agjar istemalkergem komunakere resursia.

Te bi ovela sa interesno o dujto dive dengejamen 1 bakhro, palo odova panda 3,
palo odova guruv.

Akava sa starti kana o humano manuša individualno lile than ki akaja humano
akcija.

Palo nekobor divesa ko akava humano proekti lilile than thaj i romani dijaspora
so dengja arka o numero taro dejbe habe te bajrol.

Agjare astargjem o efekti tari ivali grutka sal akava drom ki pozitivno
konotacija.
SAVORE BARABUTNE E JEKHINAKE

Trebula te vakera so akava proekti rodela but buti thaj but manuša.
O timi baši kujna, baši transport o maro, timi bašši distribucia, timi baši
kordinacia bašo import…

Akava si amari šerutni rolja sar lokalnikano ofisi, i sasti mašineria pala ki
dizutnegiri kujna funcionirinela bizo mana.Te bi šaj ovela pobut sukcesi sar timi
dži ko agor te ana zero bokhalipe!

Lošalipaja ka adžikerav o dive kana na ka oven familie angli kujna.
Kana sako ka ovelen šartia (uslovia) te ovele korkori lačo tato habe ko plo tato kher.

Numa dži tegani ka ova panle akale proekteja thaj na ka činavaja akaja akcija
soske ISI DIFERENCIA…

 

 

 

 

 

 

Total Views: 76 ,
Translate »