Освен пред огледало,на кое друго место се деклариратекако Ром или Ромка? Има ли потреба од вакво прашање на пописот 2030 година. Не, годината не ја згрешив, вакво прашање би требало да стои на следниот попис за припадниците од ромската популација. Нашиот број официјално и неофицијално никаде не се поклопуваат едни со други. И ова на никого ли не му е сомнително,на никого ли не му буди сомнеж и прашалници во главата? Зошто ли е тоа така? Една случка деновиве ја разбранува јавноста поради голема бруталност,а мене ме врати години наназад во школските клупи на часот по математика и еве што пресметував. Човек претепан на улица,да претпоставиме дека се вика Раде од село Баница. Се декларира како Ром и бара помош од ромските НВО и политичките партии. Раде е човек во средни години ,што укажува дека е семеен човек,кој сигурно има родители што укажува на тројца возрасни Роми. Доколку Раде има двајца браќа и две сестри тоа се веќе 7 возрасни. Доколку неговите браќа и сестри се во брак и имаат најмалку по две деца,тогаш нај блиското семејство на Раде брои 22 члена. Доколку во тоа село има уште 5 фамилии слични на фамилијата на Раде тоа се 100 луге. Е сега пресметано со бројот на села,населби,населени места и други места колкав би бил бројот на ромското население во Северна Македонија.
Како пример го земав тоа село,затоа што во Источна Македонија статистичките податоци кажуваат дека многу мал е бројот на ромското население . Праксата ни покажува дека таму лугето не се изјаснуваат како Роми на официјалните пописи,туку само кога имаат некоја мака. Нека ми простат сите чесни Роми ,ама има такви кои не злоупотребуваат нас. Се декларираат како Роми само тогаш кога ги бркаат од работа, кога не им дозволуваат влез во дискотеки и кафулиња, кога нивните деца сакаат да ги користат ромските фондови за стипендии и на сите оние места на кои ние сме им последен воз.
Значи треба да имаат голема мака па да признаат дека се Роми, значи треба да бидат отфрлени од се околу нив да бидат ставени пред свршен чин па дури тогаш гласно да кажат дека се Роми. Колку чуден народ сме ние….
Има луге кои ни пред самите себеси не можат да признаат дека се Роми, од страв да не ги слушне некој друг. Треба ли сите да бидат тепани на улица за да признаат кои се , за да знаат од кого да побараат помош? Тоа не му го посакувам на никого и по цена да нема декларирани Роми, превисока е цената за тоа. Ова треба да е наравоучение дека не треба да чекаат некаква мака или неволја за да кажат кои се и што се, затоа што човекот може од се да избега ,само од самиот себеси не може. Ке се појават многу ситуации во кои другите ке укажуваат на тоа дека знаат кој си и каков си. Името ти самиот си го формираш, не може името да те претвори во добра или лоша личност, робува за нешто што и во најмала незгода се губи како балон од сапуница.
Затоа за да се разбуди националната свест потребно е време,сега треба сите НВО да работат на случајот, па дури на следниот попис да има некој прогрес, во спротивно секогаш ке бидеме под три проценти,секоја работа бара континуитет , никаде не се подобруваат резултатите преку ноќ, затоа почнете со работа сега веднаш.
Перјан Рахим
Еуромапрес
Македоаниа – Скопје
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.