Голем број на ромски активисти, меѓу кои и уредници на ромски веб портали се потписници на протесна нота и потпишана петиција до:
– председателот на Европскиот Парламент,
– председатели на политички групи во Европскиот парламент,
– интегрупа против расизам во Европскиот парламент,
и членови на Европскиот парламент.

Протесната нота и петицијата се однесува за наслов на изложба која треба да биде одржан на 30 март 2023 година, во Европскиот парламент под наслов „Времето на циганите“.

Во протесната нота овие ромски активисти барат да се преиспита антирасистичката свест и политичкиот став кога се зборува за името„циган„ кој според ромските активисти е „перјовативно име кое потикнува антициганизам ( антиромизам), расизам и ксенофобија.

Тие наведуват дека во голем број на резолуции, извештаи на Европскиот парламент и голем број на Меѓународни организации и официјални лица е документирано дека антициганизмот е специфичен облик на расизам,идеологија која е заснована на расна супериорност, форма на дехуминизација и институционален расизам негувана од историска дискриминација.
„Наведувањето на Ромите (нација од 12 милиони Европејци) како „цигани“ е срамен чин и затоа се повикуват слуќбите да го преименат насловот на изложбата или да го откажат„ стои во протесната нота.

За потсетување, „Ром“ е зборот на (етноним) што Ромите го користат за да се опишат себеси: тој е термин за членовите на тој конкретен народ и ромски за „човек“. „циган“ е погрден, омаловажувачки термин – за многумина навреда – што го користи мнозинското население за да го дефинира ромскиот народ.

Целата протесна нота моќете да ја прочитате подолу на македонски и на англиски јазик, со потпишаните ромски активисти.

„ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОТЕСТ
До: Претседател на Европскиот парламент
Претседатели на политички групи во Европскиот парламент
Интергрупа против расизам во Европскиот парламент
Членови на Европскиот парламент

ПОВИКУВАЈТЕ НЕ СО ИМЕТО: Повик за почитување на ромската нација и достоинството на нашите нации

На 30 март 2023 година, во програмата на настаните на Европскиот парламент е закажана изложба под наслов „Времето на циганите“.
Долупотпишаните Роми и про-ромски активисти, како и граѓанските организации во Европа протестираат против употребата на терминот „Цигани“ во најавите на еден од вашите претстојни официјални настани/изложби.
Ја повикуваме вашата антирасистичка свест и политички став дека зборот „Цигани“ е погрден термин кој се однесува на Ромите кој поттикнува антициганизам, расизам и ксенофобија. Добро е документирано во голем број резолуции, извештаи на Европскиот парламент и голем број меѓувладини организации и официјални лица дека антициганизмот е специфичен облик на расизам, идеологија заснована на расна супериорност, форма на дехуманизација и институционален расизам негувана од историска дискриминација. .
Наведувањето на Ромите (нација од 12 милиони Европејци) како „Цигани“ е срамен чин и затоа, ги повикуваме вашите служби или да го преименуваат огласот за изложбата или да го откажат.„

PROTEST NOTE

To: President of the European Parliament

Presidents of political groups in the European Parliament

Anti Racism intergroup in the European Parliament

Members of European Parliament

CALL US BY OUR NAME: A call to respect Roma nation and our nations dignity

On 30th of March 2023, in the program of the European Parliament’s events there is an exhibition scheduled under the title “Time of the Gypsies”.

The undersigned Roma and pro Roma activists, as well as civil society organisations in Europe protest against the use of term “Gypsies” in the announcements of one of your forthcoming official events/exhibition.

We call upon your anti-racist consciousness and political stand that the word “Gypsies” is a derogatory term referring to Roma that encourages Antigypsyism, racism and xenophobia. It has been well documented in number of European Parliament’s resolutions, reports and by number of inter-governmental organizations and officials that Antigypsyism is a specific form of racism, an ideology founded on racial superiority, a form of dehumanisation and institutional racism nurtured by historical discrimination.

Referring to Roma (nation of 12 million Europeans) as “Gypsies” is a shameful act and therefore, we call on your services to either rename the announcement of the exhibition or cancel it.

THANK YOU FOR YOUR RESPECT

Martin Demirovski – Romani activist, Belgium

Orhan Tahir – Romani activist, Germany

Agnes Barsony Daroczi – Romani activist, Hungary

Rahim Burhan – Theater director, Germany

Osman Balic – YUROM, Serbia

Marius Taba – Romani activist, UK

Prof. Dr. Hristo Kyuchukov, Germany

Demetrio Gomez – Romani activist, Spain

Iulius Rostas – Romani scholar and activists, Germany

Julian Kondur – Romani activist, Ukraine

Ognyan Isaev – Romani activist, Bulgaria

Hamze Byticy – RomaTrial, Germany

Senad Sakipovski – Institute Roma and Minorities Inclusion, Germany

Sulejman Muhadjer – EU Roma Press, France

Baskim Ibishi – Advancing Together, Kosovo

Dzoni Sichelschmidt – Romed Deutchland e.V. Hamburg, Germany

Orhan Galjus – Romani journalist, Turkey

William Bila – France

Andrijano Dzeladin – Romani journalist, France

Dehran Bislim – Romani activist, Poland

Петицијата можете да ја потпишете на следниот линк:

https://www.ipetitions.com/petition/call-us-by-our-name-a-call-to-respect-roma-nation?utm_source=facebook&utm_medium=social&utm_campaign=&loc=thank-you-page

 

Total Views: 40 ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »