Spread the love

Čačutno hali soleja arakhlovela i romani dajakiri chib palo ko but avdisutne romane intelektualcija, kola so piri dajakiri chib trampingela gadžikane thaj majbut anglikane čibjaja, bizo nit pes nit pire čaven te sikaven len pire dajakere čibjaja.
Dikaja ko lengere čavengere bijande berša ko palunipe so hramonela, dikaja so, thaj sar pire čavencar khere kerena lafi ki savi čib, a tari javer rig sikavenapes kaj si bare patriotija, romane heroja kola so i čib lenge nane importatno nego o benefitia kola so avena e romanipaja.
Bari hipokrizija koja so ikavela la ko dikibe o Elvis Hajdar ko teluno teksti hramomoi ki makedoniakiri čib te bi šaj haljovena la okola kaske so si namenimi.
Te ova džangavde, o UNESKO havljarela so dži ko 2050 berš 3000 čibja ka oven bisterde sebepi so na istemalkerelape, maškar odola čibja si andimi thaj i romani čib koja so šaj džala ki istotija a laja vi agjar o romano džiani.
( Tari redakcija Euromapres)

Убијци на ромскиот јазик

Парадоскално е да се поверува во тезата дека другите ке ни помогнат ако ние самите си одмагаме.
Човекот како интелегетно суштество секогаш се поставува на такво рамниште, кој сопствените проблеми ги реашава на начин што вината ја бара кон друг.
Изумирањето на ромскиот јазик могумина не го гледат како проблем, игнорирајки го фактот дека карактеристиките што го прават народ е народ се:
– јазикот
– традицијата
– етносот, и друго.

Тргнувајки од фактот дека јазикот е една од најбитните карактеристики за секој народ, секој народ треба да го негува сопствениот јазик, во спротивно тој ке стане виртуелен народ.
Секоја година се појавува нова генерација на ромскиот интелект, средношколци и студенти Роми.
Тие се најбитниот елемент на одржување на ромскиот јазик во живот., но се случува токму спротивното.
Младите Роми преминувајки во нови средини, ново друштво со не-Роми свесни за стереотипите кои важат за нивниот народ, одбегнуват да се прикажат како Роми, плашејки се дека ке бидат отфрлени од друштвото.
Живеејќи со такви стравови, младата генерација се повеќе се принудува самата себеси, свесно или несвесно да ја негира својата припадност.
Но постојат и такви кои не ја негират својата припадност но сепак не го зборуват ромскиот јазик бранејки се со изговор „ Подобро се искажувам на македонски јазик„ .
Би сакал да напоменам дека тие самите знаат дека ромскиот јазик е богат речнички со својата граматика во Р.С Македонија, и го има во пет дијалекти.
Се прашувам дали треба да се негираме самите себеси само да би не прифатиле во општеството?
Дали треба да го ризикуваме нашето културно богатсво со кое би требало да се гордееме, само да би се интегрирале во еминентни друштва на пријатели?
Некои ке речат „ Не е важно на кој јазик зборуваш , важно е да се разберешш со соговорникот„.
Да во право се.
Но едно не ми е јасно, дали и дома не треба да зборуваме на мајчиниот јазик-ромскиот?
Ова го гледам како “убиство“ на ромскиот јазик: Еве и зошто…
Што се случува со младите средношколци и студенти откако ке стапат во брак?
Тие и понатаму го игнорират ромскиот јазик:
Кулимнација на убиството на ромскиот јазик допрва следува.
Тоа младо ромско семејство создава поколение.
Замислете… Тоа младо ромско поколение е подложно на слушање по дома не мајчин јазик при комуникација.
Вака се случува анималија во одржување на живот ромскиот јазик како мајчин јазик.
Токму тие деца кога ке пораснат нема да го знаат ромскио јазик како свој мајчин јазик, и без да се свесни учествуват во „ убиството на ромскиот јазик„.
Честопати среќаваме Роми кои не го познават својот јазик.
Токуми тие се убијците од небрежност на ромскиот јазик.
Но сепак мислам дека грешката која нивните родители ја напрваија ,ожат самите да ја поправат, но затоа е потребна желба и упорност.
Голема желба и упорност велам, затоа што никој од нив не сакат да го изгубат имиџот со тоа што ке го научат ромскиот јазик и ке биде от-фрлен од не-Ромите.
Кога се работи за учењето и одржувањето на ромскио јазик, постојат невладини организации кои се занимават со ромската култура, етнос и јазик.
И замислите самите раководители, кои се по етничка припадност Роми на тие организации кои се ангажират во ширењето и одржувањето на ромскиот јазик преку курсеви , семинари…зборуват на македонски јазик.
Да парадоксално но вистинито.
Ја мислам дека со самото да се научи сопствениот мајчин јазик може да се поправи аномалијата и ромскиот јазик и понатаму да се одржува.
Но сепак и понатаму идните генерациидоколку вака продолжат ке бидат учесници во убиството на ромскиот јазик, а јас и понатаму ке останам загрижен за неговото изумирање.
Се плашам дека еден ден ке останеме народ без свој јазик.
Тогаш ќе изчезнеме како народ.
Затоа што јазикот го прави еден народ- народот.

Елвис Хајдар
Дипломиран софтерски инжињер
Магистрант на ФИНКИ-УКИМ

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading