Ви се обракам со сета доверба кон Вас и кон нашиот семокен и семилосен господар, без ниет да му наштетам на било кој. МОЛАМ да го одвлечам вашето внимание oд нашето слепило. Можеме ли да си ја дозволиме мудречката изрека; каков народ такви избраници. Што ќе посееш, тоа ќе жнееш.
Јас знам дека со постигнатите резулатате на партијата ОПЕР Градоначалник, Пратеник Министер, преку 80 вработени во Извршна власт, 100-тина во јавни претпријатии во минатото, не сме се исцрпиле ниту сме се умориле. Ама знам дека можеме да се движеме напред, покажавме дека умееме да се сносиме со државни високи функции.
Ова не смее да остане во наш заборав, туку секавање кон нашата историја и идеал на денешната генерација во надминување на сопствените маани, себични и алчни ега во дестинација кон еднаквите.
Сакаме ли да милуваме дека имаме колонијален менталитет, дека самите си уживаме со заробена свест, дека од пред очите не можеме да ја одвлечеме заблудата, ушите од затворот на незнаењето, разумот од болест на неуки водичи. Нашите души ги заробивме со слепа горделивост. За ова никој не може да ни биде чувар. Тука е величината на учењаците. Политичките партии не служат за победа на своето его, туку за победа на интересите на сопствениот народ.
Деновиве ќе стартува кампањата за попис на населението во РСМ по 19 години.
Колку и дали овој попис за нас е од огромно значење?
Ќе влеземе ли консолидирано и со несебичен ангажман да ја отфрлиме флеката на нашата авто асимилација?
Да, нашата партија две децении креира инклузивни политики со идентичен реципроцитет према секого. Се бориме во континуитет со жонглери кои го понижуваат нашиот профил.
Ние веке знаеме дека архитектот на нашиот модерен вагон е нашиот глас и идентитет.
Значи без правилна употрба на гласот и идентитетот нема реципроцитет ниту иднина.
Затоа, од денес и покрај сите потешкотии од пандемијата секој ром да се крене на акција за потврдување на нашиот идентитет. Ве повикувам сите независно на политичка партија, граѓански сектор, интелектуалци, Роми од Европа, во секој Ромски дом, секој ден да се појави по некој наш волонтер од врата до врата, да ги пренесе вредностите на пописот, да го слушнат нашиот глас, Ве молам.
Резултатот на пописот ке носи промени кои ке бидат реални за нашите амбации во процесот на нашата интеграција. Тие волонтери ќе говорат за иднината на Шуто Оризари, за иднината на сите населени места со Роми. Сега е потегот на Вашата храброст а не пониженост и срамност од сопствениот идентитет.
Ајде да не свртиме грб на самите себе си.
Со слоганот ‘‘ДА ЈАС СУМ РОМ’’ ќе градиме стабилна иднина.
Да не заборавиме, дека реалната наша бројка, ќе се одрази на нашиот колективен просперитет.
Алчните празни политики на незнајковците, боцкаџиите, чукачи на функционерски врати и така наречените деполитизирани со ментална колинијлна свест, сега да ги оставиме на заборав. Не е време за огорченост од слепи водачи, јаничари кодошејки се еден на друг. Тоа е најсрамното нешто што може да го доживува еден народ. Ромот да биде волк за ром. Никогаш не бев по натажен како денес од ова самопредавсто со слоганот ‘‘ јас сум најдобриот‘‘.
Сега е ред да се покажеме дека сме најдобри со душата на РОМАНИЗМОТ- напред! Сите на пописна акција.
Со Ваша милост
Неждет Мустафа
Related
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.