Театарска престава на ромскиот театар “Сутудент“ “АЛФА И ОМЕГА“релаизирана по сценарио на сега покојниот Ѓунеш Мустафа алијас ГУНО Режија Џемаил Демир асистент на режија Сулејман Мухаџер Преставата е поделена на пет чина. Во првиот чин е создавањето на првиот човек Адам и неговота животна сопатничка Ева и првото убиство од страна на нивниот син Каин врз својот брат Абел. Вториот чин е појавата на Месијата Исус кој со својата жртва им го отвори патот на целото човештво за опрост на своите гревови наследени од своите пра пра родители Адам и Ева. Третиот чин е отсликување на денешниот зол неправеден свет , манипулиран од страна на непријателот на доброто ѓаволот,и денешните пороци, алхохолот, дрогата криминалот… Четвртиот чин е преставување на светските религии, и притискот на ѓаволот кој ги врши врз нив. Петиот чин се одвива во некое минато време кога Месијата Исус решава да ги скрати маките на добрите луѓе на земјата, со кој го уништува ѓаволот и сите оние кои се отргнаа од вераата кон него и кон нивниот створител.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.