O resorno ministeria taro thema Dakšinalo Balkani džovaplije baši inkluzija e romengoro kedingjepe ko 19 oktomvri ani Podgorica ki Crna Gora zoralipaja te den teloikeribe baši panle lafia destinacijaja te čivelpe agor e diskriminacijakoro upreder e Roma thaj lačaripe na sal e šajdipaskoro so isile e jekhina ko džandipe baši edukacija, kherutnipe bukjarnipe, saljaribaskiri arakhin numa vi ko lejbe than e romengoro ki digitalno čarjali agenda.
Akava trito ko niči ministerskoro khedipe ki tema inkluzia e romengoro, kaskoro fokusi si o progres e haleskoro ko naklo berš thaj o resaribe baši panlo lafi baši neve resarina e beršeske kova so avela.
Vi so ko guvermentia ko akala thema lena than ki nacionalno strategija bači čivibe e Romen mangipaja te ovem kotor taro pervazi taro EU baši jekutnipe thaj lejbe than ko 2020-2030, sine vakerdo so i pandemia Covid 19 činavgja o progresi thaj kaj i aktuelnikani kriza e energijaja thaj o habe but bilače kuvela ko najčorole jeknina.
O ministeria panle plo lafi baši realna numa ambiciozna buti keribe panle e nekobor napencar baši bukjarnipe e romengoro, dejbaja garancija so i inflacija thaj o činavibe e budžeteskoro nane te anel lošalipe o teloikeribe e najčorole romane jekinakoro thaj ko jek dena lafi te legaren o decizie taro ikerdo regionalno digitalno samiti kova so si panlo e romane populacijaja.
Ko akava ministersko kheipe lilja than thaj o romano koncilieri taro makedoaniakoro premieri Kovačesvki baši romane pučiba o rajo Elvis Memeti.
O ande decizie taro ministersko khedipe ka oven dende ko formalnikano alusarin ko samit ko Berllin ano noemvri.
O kheruntno akale khedinakoro sine o Ministeriumi baši manušikane hakaja andar i Crana Gora, a ikergjape teloikeribaja tari Europakiri Unia thaj tari Fondacia pravdo sasuitnipe.

Западен Балкан ќе го поддржат вклучувањето на Ромите во националните стратегии

Ресорните министри на земјите од Западен Балкан одговорни за прашањето на инклузијата на Ромите се собраа во среда на 19 октомври во Подгорица, цврсто поддржувајќи ги договорените цели во насока на ставање крај на дискриминацијата на Ромите и подобрување не само на можностите што ги има заедницата во однос на образованието, домувањето. , вработување и пристап до квалитетна здравствена заштита, но и во однос на вклучувањето на Ромите во дигиталната и зелената агенда.
Ова е трет годишен министерски состанок на тема инклузија на Ромите, чиј фокус беше развојот на состојбите во изминатата година и постигнување договор за нови цели за годината што претстои. Иако владите на сите земји усвоија национални стратегии за вклучување на Ромите во обид да се усогласат со „Рамката на ЕУ за еднаквост, вклучување и учество 2020-2030“, беше истакнато дека пандемијата COVID-19 го одложи напредокот и дека актуелната криза во снабдувањето со енергија и храна несразмерно ги погодува најранливите делови од населението.
Министрите се договорија за реални, но амбициозни задачи поврзани со определување на десет отсто активни мерки за вработување на Ромите, гарантирајќи дека постојната инфлација и кратење на буџетот нема да ја загрозат поддршката на најранливата ромска популација и се обврзаа да ги спроведат заклучоците од неодамна одржаниот регионален дигитален самит, кој се однесува на ромската популација.
На овој министерски состанок учество имал и советникот за ромски прашања при кабинетот на македонскиот премиер Ковачевски господинот Елвис Мемети .
Заклучоците од министерскиот состанок ќе бидат доставени на формално усвојување на самитот во Берлин во ноември.
Домаќин на средбата беше Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, а настанот се одржа со поддршка на Европската Унија и Фондацијата Отворено општество.

Video lendo taro FB profili Elvis Memeti

 

Total Views: 226 ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »