Spread the love

O Euromapress bičalgja rodiba dži ko Minsiterstvo baši sasljaribe tari Republika Utarali Makedonia rodibe baši raporto, e importatno primarno sasljaribaskoro arakhibe e dizutnegoro tari Komuna Šuto Orizari.

До Министерството за здраство

Одделение за односи со јавност

Почитувани,

Како срество за јавно информирање по пат на интернет и социјални мрежи, Ви се обраќаме со цел да добиеме информации до каде сте со решавањето на недостатокот на медицински стручен кадар кој недостасува во Поликлиниката „Шуто Оризари„.

Информирани сме дека во најскоро време ке се отвори гинеколошката ординација во ова поликлиника, која поради заминувањето на предходниот гинеколог ова ординација била затворена подолго време.

Нашето барање кон вас се однесува до решавањето на прашањето за матичните лекари.

Веќе долго време поради заминувањето на дел од матичните лекари во пензија, поголем број на пациенти кои се во неповолна физичка состојба, не можат да си го остварат правото за туѓа нега, поради недостаокот на упат од матичниот лекар.

Друга категорија на пациенти се оние кои поради слабите финансиски ресурси не можат да издвојат срества за одење и барање друг матичен лекар во некоја друга Општина. Во Шуто Оризари според неофицијална статистика во ова Општина живеат повеќе од 35 000 жители, од кој еден добар дел се семејства со ниски примања или пак корисници на социјална парична помош. По бројот на жителите поликлиниката и нејзиниот медицински персонал не може да ја покрие примарната заштита на населението со вработување на само еден гинеколог, тројца стоматолози, десетина лекари по општа медицина и со ниту еден педијатар. Уште еден проблем е немањето на дежурна служба како и амбулатно возило за итни интервенции.

Почитувани би сакале да се информираме дали Министерствотоза здраство на Република Северна Македониа горе наведените проблеми има во план да ги реши, кога, и како?

Со почит

Еуромапрес

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading