Шуто Оризари е најголемата ромска населба но и општина во државата, со над 35 000 жители.
Се проценува дека во населбата живеат повеќе од 8000 жени во репродуктивен период , од кои најголемиот дел примаат социјална помош, живеат во суспстандардни услови и не се здравствено осигурани.
Жените се оставени без гинеколог од 2007 година.
Иако, од оваа општина доаѓаат повеќе влијателни и јавни личности од политиката, сепак, нивните сограѓани не можат да се пофалат со голем бенефит од тоа, а и отвореното прашање со гинеколошката ординација, со години тапка во место.
Жените од Шуто Оризари со години бараа Министерството за здравство и фондот за здравство да обезбедат матичен гинеколог во нивната општина, бидејќи 8.000 жени во репродуктивен период беа оставени без основната здравствена заштита. Тие многу години наназад алармираа за проблемот. Огласите на Министерството за здравство за пополнување на испразнетото место за матичен гинеколог во Шуто Оризари беа неуспешни, оти никој не се јавуваше на нив.
Во 2018 година министерствот за здрадство потпиша договор со докторката Вјолца Мбиара.
Таа дојде од Албанија по избор на тогашниот министер за здрадство Арбен Таравари кој ја пронајде како единствено решение на долгогодишните проблеми на жените од ова општина кои нема матичен гинеколог.
Тогашното министерство експресно ја нострифицираше нејзината диплома за да добие лиценца за работа како гинеколог во Македонија иако таа воопшто не го познаваше македонскиот јазик, поради ова требаше да се вработи албанка како медицинска сестра која служеше и како преведувач.
Покрај ескпресното нострифицирање на нејзината диплома таа доби и
повисока плата, како финансиски стимул, бидејќи претходно цела деценија немаше гинеколог во таа поликлиника.
По кратко време д-р Мбиара ја напушти гинеколошката амбуланта во општината и замина да работи во албанска средина, за кои многумина се сомневаа дека гинеколошката амбуланта и беше само старт за добивање на работна дозвола во Македонија.
Многумина жени од ова општина се жалеа на д-р Мбиара дека за време на својата работа незаконски наплатувала на своите пациентки.
По нејзиното заминување тогашниот министер за здрадство Венко Филипче најави дека ќе ги мотивира специјализантите да отворат гинеколошка амбуланта во Шуто Оризари.
Проблемот со гинеколошка ординација во Шутка трае многу долго.
Ниту еден гинеколог во ординацијата не се задржува подолго од шест месеци. Ординацијата беше опремена и подготвена за работа во април 2021-ва година. Ангажиран беше гинеколог кој се согласи да регистрира приватна здравствена установа. Но, по само шест месеци, жените од Шуто Оризари повторно останаа без матичен гинеколог. На ординацијата во која работеше д-р Божидар Бошковски беше ставено известување дека таа е затворена и докторот веќе нема да работи.
Како главна причина за неговото заминување, наведени се приватни обврски, како и тоа што докторот заминува во пензија.
Во меѓувреме, Министерството одлучи да ангажира гинеколог од Гинекологија Чаир да доаѓа неколку пати неделно во амбулантата во Шуто Оризари. Но според жените од оваа скопска општина тоа не беше соодветно решение, оти постојанио се менуваше лекарот од Гинекологија Чаир кој доаѓаше во амбулантата, а бидејќи не е матичен гинеколог не можеше да им препише соодветна терапија или да им даде упат за понатамошни испитувања.
Во денешното повторно свечено отварање на ова гинеколошка ординација, свој удел има и Канцеларијата за ромски иницијативи (РИО-Берлин) преку ромското национално движење Аваја , која преку донација за ова ординација ке ангажира медицинска сестра во првите шест месеци.
По истекот на овие шест месеци, медицинската сестра ке биде ангажирана од страна на самата гинеколошка ординација.
Дали со денешното отварање ке се реши деценискот проблем со гинеколошката ординација во ова општина, и дали долгорочно граѓаните ќе добијат можност за вистинска и навремена превенција и здраствен третман?
Овие прашања лежат во овој модел, кој според Аваја ваквиот концепт моделч може да опстои во зависнот и користењето на самите граѓани.
Попластично кажано, ако има заинтересирани и доволен број на регистрирани пациентки ромки во гинеколошката ординација и финансиски биде поткрепена, ќе опстијува ординацијата гинекологот и медицинската сестра заедно со пациентките.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.