Spread the love

Реакцијата на градоначалникот на Шуто Оризари, г-нот Курто Дудуш на кој реагираше поради како вели дискриминација над граѓаните над Шуто Оризари од страна на советниците на град Скопје, наиде на лавина коментари во негативна конотација, пред се поради гласовите на Ромите од оваа Општина која на локалните избори завршија на контото на сегашната актуелна градоначалничка на градот Скопје Даниела Арсовска.

Дудуш во својата објава се фокусира на секодјневните нови проекти финансирани од страна на градот за други општини во градот , ингорирајки или како што вели дискриминира во ова смисла граѓаните од ова општина.  Ромската етничка заедница како советници во градот Скопје има три преставници, Ерџан Селими председателот на ромската политичка партија РОМ, председателот на ромската политичка партија СРМ Габриел Бајрам кој ја очекува затворската казна од три месеци поради насилство во еден скопски ресторант, и госпоѓата Мердита Салију преставничка од партијата на ДСР. Забележително што ниту еден од овие три градски советници немат јавна реакција да го негират или подржуват Курто. Која е вистината, постои ли вистинска дискриминација од страна на владејачкото советничко мнозинство во градот Скопје, кога е во прашање ромската и единствена Општина Шуто Оризари, која за жал на вистината спаѓа во една од најсиромашните општини во СРМ? Извори на ЕУ Ромапрес велат дека постои вербален конфликт помеѓу Дудуш и советникот Ерџан Селими, кој се противи на барањето на Дудуш како приоритет во програмата за финансирање на општината за комуналната инфрастуктура да биде реконструкција на почетните три улици, наспроти барањето на Дудуш да се отпочне со ставање на плочки околу спортската сала во населбата.

Која е точната вистина можеме само да нагаѓаме, со обзир на работата која досега ја извршува градоначалникот Дудуш, ова општина зема се повеќе друг лик во однос на минатото менаџирање со општината. Факт е дека било каква блокада од страна на ромски советници или советник по автоматизам го спречува урбаниот прогрес на ова рурална општина која цели кон целосна реконструкција со етапни фази до урбанизација на целата. Која и каква е целта за вакви блокади од ромски советници, доколку се точни информаците остава сомнеж за корупција. Но исто така мораме да си го псставиме прашањето кој е приоритетот, реконструкција на некои од улиците кои се во првата фаза на финансирање од градот Скопје или поплочување на делот од спортската сала.

Loading


Discover more from EU Romapress

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

Discover more from EU Romapress

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading