„I statistikani operacia – Hramovipa si dizutnengiri obligacia zojrakerdi prekal o kanoni. O leiba than ki statistikani operacia – Hramovipa si obligacia em si džovaplipa sakone dizutneske premal i them. I akharin bašo bojkot thaj bojkot e Hramovipaske si došperavibaskoro akti . Odva si jekh a jekh em organizirina uštipa premal o ande kanonikane aktia tari them apsorbime ko membro 387 taro Kriseskoro kanoni em si le lovengiri globa jali phanlipa dži ko 3 berša okoleske so ka organizirinel averen ko uštipa em reakcia. Ako o Hramovipa na implementirinel pe jali phareste implementirinela pe sebepi o bojkot jali kerel sar lideri e grupake taro bojkot ov šaj te ovel phanlo taro 1 dži ko 5 berša phanlipa. “ vakerdo si ki pres konferencia taro portparolia ko Govermento tari Republika Utarali Makedonia o Duško Arsovski thaj o Muamet Hodža so ikergje la barabutne e Jasminaja Georgjieva taro Themakoro ofiso baši statistika.
Учеството во Пописот е задолжително, бојкотот е кривично дело
„Пописот е граѓанска обврска утврдена со закон. Учеството во Пописот е задолжително и претставува одговорност на секој граѓанин кон државата. Повикот за бојкот и бојкотот на Пописот е кривично дело. Тоа е исто што и организирање отпор и непослушност кон законити одлуки и мерки на државен орган опфатени со членот 387 од Кривичниот законик и предвидува парична казна или затвор до 3 години за оној, што ќе организира други на отпор и на непослушност. Ако пак поради делото не е спроведено или значително е отежнато спроведувањето на законита одлука или мерка, или ако делото го стори како водач на група сторителот ќе се казни со затвор од 1 до 5 години“, е истакнато на редовната прес-конференција на портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, која ја одржаа заедно со Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.