O romano dizutno sasuitnipe tari Europa na sine akhardo ko 15-to Euro romani platforma savi sa organizirimi ani Praga taro 26 dži ko 27 oktomvri thaj vi agjar nasine havljardo so sa čače kergjape uti ani akaja plaforma.

O manuša kola so lile than ki akaja platforma sa sal nekobor bi guvermenteskoere organizacije kola so sine finasirime tari Komisija, numa ola na kergje khanči te bi informirinena e Romen ko thema kote so si o zaruri nit prekal lengere web riga nit palem ko lengere profilia taro socialno nevtorkia.

Pobuter ko teluno teksti.

Орхан Тахир: Граѓанска коалиција со вистнски Роми наместо со ликови од ноќта на вештерките„

Ромското граѓанско општество од Европа не беше покането на 15-тата Европска ромска платформа организирана во Прага од 26 до 27 октомври и не беше соодветно информирано за исходите од овој состанок. Присутни беа само неколку големи невладини организации финансирани од Комисијата, но и тие не направија ништо за да ги информираат Ромите во засегнатите земји за овој настан преку нивните веб-страници и страници на Фејсбук. Националните контакт точки одговорни за националните стратегии за Ромите исто така учествуваа на овој форум како претставници на владите, но немаше информации на нивните официјални веб-страници.

Ова е загрижувачки сигнал дека Европската комисија не смета дека е неопходно да се консултира, праша и информира ромското граѓанско општество во Европа за неговите планови, намери и активности. На овој начин, Комисијата ги охрабрува националните и локалните власти да дејствуваат на ист начин на национално и локално ниво. Ова може да доведе до уште поголема маргинализација на ромското граѓанско општество, како што веќе се случува во земји како Бугарија и Унгарија. Под знак прашалник се самите принципи и вредности на кои се заснова Европската унија, како што се инклузија, учество, добро владеење итн.

Понатаму, Комисијата се обидува да избегне каква било одговорност и да ја префрли на националните влади кога станува збор за недостигот на напредок на Рамката на ЕУ за вклучување на Ромите и растечкиот антициганизам – тоа е признаено дури и во извештаите на институциите на ЕУ, како што се FRA.

Сметам дека е потребна итна акција за да се спречи влошување на ситуацијата. Се плашам дека следната ромска платформа или самит на ЕУ може да стане нешто како забава за Ноќта на вештерките каде вистинските Роми се целосно заменети со луѓе кои се преправаат дека се Роми. Дали тоа ќе го дозволиме зависи исклучиво од поединци, формални и неформални групи и организации кои се сметаат себеси за дел од ромското граѓанско општество.

Затоа предлагам да се создаде граѓанска коалиција на вистински Роми, а не ликови од Ноќта на вештерките, кои би можеле да подготват заедничко писмо до претседателот на Европската комисија, соодветните комесари и европратеници со цел да се оживее дијалогот меѓу институциите на ЕУ и ромските цивилни општеството во Европа.

Орхан Тахир е ромски активист по професија правник

воедно и дописник на ЕУ Ромапрес од Германиа и Бугарија

Total Views: 85 ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Translate »