РАН: Борба против медиски предрасуди кон Ромите
Од секогаш медиумскиот простор за Ромите бил резервиран во негативна конотација, полна со предрасуди и клишеа. Медиумите често пишуват за Ромите врз основа на вкоренетите стереотипи што ги има во реалноста, така да сликата во медиумите е она што мнозинството во јавноста го очекува. Медиумската сензација, третирањето на теми во медиумите во која Ромите се големите негативци предизвикува емпатија кај другите, со што ги стават во категорија на омразени. И покрај тоа што ромскиот медиски простор не е празен, од одредени причини индивидуално немале можност не само да ја брани медиски својата етничка заедница, туку и самите не можеа да одолеат на притисоците од одредени државни структури, локални челници, па дури и од страна на ромските невладини организации. Извелекувајки поуки од минатото ,сегашноста, а најверојатно и од иднината. соработката на ромските медиуми е важен приоритет за давање на друга слика на известување преку објективно и трансапретно известување кога во прашање се Ромите. Почетоците на ваквата соработка на ромски медии, не е толлку стара, неколку ромски медии заеднички има извествање преку писмена форма до председателот на Европскиот парлемент Давид сасоли на кој укажуваа на лошата безбедна состојба на Ромите. • Ваквиот пример е иницијална каписла да главните и одговорни уредници на 24 vakti (Македонија), Romapress ( Македонија), Romanews ( Франција) , Euromapress ( Франција), TV RIZ ( Германија) и Lumiakere Roma ( Бразил) на неколку предходни онлине средби се договорија за заеднички договор за формирање на неформална ромска асоцијација РАН. РАН ке работи во интерес на заштита на новинарската фела, медиумски работници, спротиставување на антироманизмот преку своите медиуми, ширење на говор на омраза, асимилација и лажните непроверени неформални информации. Во заедничкиот договор е користењето на реакции во пишана форма во која ке се објавува сопштенија, писма и други форми преку кој ке врши реакции врз јавни институции, јавни личности, политичари, индивидуалци, доколку има увид на прекршување на демократијата врз основ на религија, раса, социјално ниво, боја, говор на омраза, злоупотреба на слободата на изразување, ширење на стереотипи, предрасуди, дискриминација како и други форми на физичко или усмено заканување. Покрај ова форма РАН ке ги користи сите правни механизми за борба против горе наведеното.
Related
Discover more from EU Romapress
Subscribe to get the latest posts sent to your email.